02:54 - 7 ноември, 2026

(Видео) На Арнолд Шварценегер му здодеа да чека и сам ја поправи дупката на патот: „Наместо да кукаме, да направиме нешто“

Секогаш велам, да не се жалиме, изјави актерот.

Актерот Арнолд Шварценегер ги презеде работите во свои раце откако му беше доста од неактивност во неговото соседство и ја поправи дупката на патот што му правеше проблеми нему и на неговите соседи.

-Откако целото маало се вознемири поради оваа огромна дупка на патот која со недели уништува автомобили и велосипеди, денеска излегов со мојот тим и ја поправив – рече актерот.

Секогаш велам да не се жалиме, туку да направиме нешто за тоа прашање – напиша на Твитер 75 годишниот глумец и поранешен гувернер на Калифорнија.

Секако, собра бројни пофалби на видеото.

Слични објави

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.
Се вчитува....