Пејачот Здравко Чолиќ е познат по тоа што ретко го изложува својот приватен живот и семејство во јавноста, па затоа новата семејна фотографија што ја објави неговата ќерка Лара на социјалните мрежи привлече големо внимание.
На фотографијата можете да го видите легендарниот пејач во друштво на неговите ќерки Лара и Уна, кои го прегрнаа додека позираа на празнична маса во вилата на Дедиње. Сите тројца се насмеани, а сцената зрачи со блискост. Ќерките за оваа пригода избраа елегантни и дискретни облеки, додека Здравко позираше во својот препознатлив стил – со палто.
Покрај семејниот момент, ентериерот на домот каде што е направена фотографијата привлече големо внимание. Просторот зрачи со елеганција и луксуз, со високи тавани, големи стаклени врати и украсени ѕидови.

Во позадина се наоѓа дневна соба со класичен камин над кој е поставено големо огледало со луксузна рамка, додека просторот е украсен и со масивен лустер. Ѕидовите се надополнети со уметнички слики во впечатливи рамки, а елегантните трпезариски столчиња и црвената софа во позадина додаваат допир на винтиџ шарм. Комбинацијата од внимателно одбран мебел и класични детали остава впечаток на елегантен, но топол семеен дом.
Инаку, иако не зборува често за своите ќерки, во една прилика Чола рече дека двете ќерки се разгалени, но дека ги разбира, а во еден момент призна и дека не му се допаѓа што неговата постара ќерка често се фотографира за мрежите.
