2.8 C
Скопје
22:15 - 27 март, 2026

(Фото) Кајли Џенер „пука“ од сексапил во новата кампања за долна облека

кајли џенер

Ким Кардашијан ја ангажираше сестра ѝ Кајли Џенер како заштитно лице на новата линија „Евридеј котон“ од брендот „Скимс“. Колекцијата вклучува памучна долна облека наменета за секојдневна употреба.

Кајли Џенер позира во неколку минималистички комбинации – кафен градник со соодветна танга, како и бел сет долна облека. Фотографиите од снимањето ги сподели на социјалните мрежи со опис дека станува збор за „секојдневен памук“, алудирајќи на удобноста и практичноста на линијата.

Обожавателите веднаш реагираа со бројни коментари, а дел од нив се осврнаа и на нејзината врска со актерот Тимоти Шаламе, нарекувајќи го „среќник“.

Инаку, ова не е прва соработка меѓу сестрите во рамки на „Скимс“. Уште при лансирањето на брендот во 2019 година, Кајли Џенер учествуваше во кампања со обликувачки боди, а во 2021 година им се придружи и на останатите сестри во специјалната колекција за Денот на вљубените.

Во промотивното видео за новата линија, Ким Кардашијан позира во гаќички со висок струк и соодветен градник, при што открива: „Може ли да ви кажам една тајна? Порано никогаш не носев долна облека. Но ‘Скимс’ го промени тоа“.

Паралелно со оваа кампања, Кајли Џенер работи и на заеднички проект со сестра ѝ, комбинирајќи ги брендовите „Лем“ и „Кајли козметикс“, со што семејството Кардашијан уште еднаш го потврдува својот силен бизнис-модел заснован на синергија и влијание на социјалните мрежи.

Слични објави

Нова естрадна војна: Дадо Полумента одговори на прозивките на Ѓани – „Не беше работата само да извадиш пари од џеб!“

Е.А.

„Се расправавме, тоа беше моја должност“: Весна Змијанац искрено за конфликтот со ќерка ѝ Николија

Е.А.

Официјално се разведоа Јована Пајиќ и Сале Тропико: По пет години и формално ставија крај на бракот

Еспресо

Анабела искрено проговори за Нина и Луна: „Не ги терам ќерките да се мажат!“

Еспресо

(Фото) Северина за роденденот на Петар Грашо избра црн градник и сако: Позираа во одлично расположение

Еспресо

(Видео) Најпознатата српска инфлуенсерка проба хот-дог од 100 евра – злато, кавијар и оцена 10 од 10!

Еспресо
Се вчитува....