08:20 - 9 јануари, 2026

(Фото) Каде се и што прават Факета и Фарук, братот ѝ сестрата на Лепа Брена: Животот ги однесе на различни страни

Фахрета Јахиќ Живојиновиќ, попозната како Лепа Брена, е една од најпознатите југословенски пејачки. Родена е на 20 октомври 1960 година во Тузла. Таа израснала во Брчко, а скромно и безгрижно детство и овозможиле татко ѝ Абид и мајка ѝ Ифета.

Иако не се појавуваат често во јавност, Брена има сестра Факета и брат Фарук.

Брена со сестра си неделава се појавија на премиера во Загреб, на филм посветен на Брена насловен „Лепа Брена Пројект“ .

 

View this post on Instagram

 

A post shared by brenalepa fp (@brenalepafp)

Судејќи според фотографиите кои се појавија во медиумите ширум регионот, Брена и помладата сестра не личат многу, а пејачката има најмногу сличности со братот Фарук, со кој исто така ја дели страста кон музиката.

Фарук Јахиќ одлично пее, се појави и во емисијата „Никад није касно“, ретко знае да испее и дует со Брена.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lepa Brena (@lepabrenaa)

„Отсекогаш сум и бил голем поддржувач, како постар брат. Нема ништо лошо во тоа што останав во сенка на сестра ми“, изјави тој во емисијата.

„Свирам хармоника, пеам… Моментално се занимавам со одговорна работа која е тесно поврзана со музиката, се занимавам со продукција“, додаде Фарук.

https://www.youtube.com/watch?v=N6a4SVtLDWw

Сестрата на Брена, Факета со сопругот Зоран и ќерките веќе две децении живее во Канада.

„Колку се сеќавам, нашата мајка пееше прекрасно севдалинки. Факрета, сепак, почна да пее пред мене, потоа брат ми Фарук, а потоа и јас под влијание на професорот по музика. Бев хиперактивно дете, па моите родители, како и брат ми и сестра ми, не насочуваа кон спортски активности, а ние всушност најмногу уживавме во пеењето во хор. Пораснавме слушајќи музика од фестивали – рече своевремено Брена.

Брена на својот „Инстаграм“ повремено споделува фотографии со нејзината сестра Факрета, а она што го привлече вниманието на многумина е фактот дека тие две речиси воопшто не си личат. Сепак, Брена е исклучително блиска со својата сестра, па често се слушаат, иако, со оглед на тоа што живеат на различни континенти, не се гледаат многу често. Последен пат ја посетила сестра си во Канада пред три години.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lepa Brena (@lepabrenaa)

 

 

Слични објави

(Фото) Оваа убавица е ќерката на Олгица Христовска, посебна радост за Каја

apostolova

Дневен хороскоп за 9 јануари: Размислете пред да донесете одлука

apostolova

„Говорел дека ги споил Свети Василије Острошки“: Нови детали за врската на Мина Костиќ

Е.А.

Урнебесно: Таткото на Милица Тодоровиќ се санка како дете, пејачка во неверица

Е.А.

„Два часа се гушкавме и плачевме“: Пејачката Сека Алексиќ прв пат проговори за средбата со билошкиот татко со кој долго немала контакт

Е.А.

(Фото) Падна првиот јавен бакнеж помеѓу Маја Шупут и Господинот Совршен

Еспресо
Се вчитува....