7.8 C
Скопје
05:21 - 2 април, 2026

(ФОТО) ИСТОРИСКИ МОМЕНТ: Првиот геј маж на насловната страница на „Плејбој“

Бретман Рок

Инфлуенсерот Бретман Рок е првиот геј маж кој се појави на насловната страница на списанието „Плејбој“.

Списанието на својот официјален инстаграм-профил објави како изгледа најновата дигитална насловна страница со Бретман.

Инфлуенсерот позира во корсет, хулахопки и чевли со високи потпетици. Тој исто така носи црна машничка, бели манжетни и „зајачки“ уши и опашка во стилот на естетиката на ова списание.

View this post on Instagram

A post shared by Playboy (@playboy)

Ова е историски момент“, „Би го ставил ова во рамка“, „Ова е предобро“, „Многу сум среќен за ова“, „Една од најсекси нештата што ги видов денес“, „Ова е победа за нас“, „Апсолутно те поддржувам“, „Ги смени правилата и го отвори патот за многу други“, беа само дел од коментарите од следбениците на Бретман под објавата.

Но, имаше и такви кои очигледно не се воодушевени од неговиот изглед и генерално од новата насловна страница на популарното списание.

Каде отиде овој свет…“, „Зошто мажите проклето сакаат да бидат жени?“, „Хју Хефнер се превртува в гроб“, „Што е ова?“, „Последниот пат кога проверив, „Плејбој“ беше за хетеросексуални мажи. Лоша одлука“, се само некои од негативните коментари.

Инаку, Бретман стана познат по своите видеа за шминкање. Има повеќе од 17 милиони следбеници на „Инстаграм“, а „Тајм“ во 2017 година го прогласи за еден од 30-те највлијателни тинејџери. Пред две години, тој беше на насловната страница на списанието „Геј Тајмс“.

Бретман, исто така, лансираше и своја линија за убавина и имаше свое шоу на „Ем-Ти-Ви“. Покрај тоа, Рок стана и активист за ЛГБТИ заедницата.

Тој е третиот човек кој сам се појавува на насловната страница на „Плејбој“. Пред него, се појави само основачот на списанието, Хју Хефнер во 2017 година, што беше еден вид чест по неговата смрт. Музичарот Бeд Бани минатата година се појави на дигиталната насловна страница на Плејбој.

Слични објави

(Фото) Дарко Лазиќ е на Хиландар со сопругот на поранешната сопруга: Пејачот тагува за својот брат, а спасот го најде тука

Еспресо

(Фото) Од Тоскана право во Задар! Шиме ја пречека својата Маја Шупут како вистински џентлмен

Еспресо

Мили призна дека имал пороци во младоста: „Пушев марихуана, но музиката ми е најсилна дрога“

Еспресо

Емотивна објава на синот на Халид Бешлиќ по победата на босанската репрезентација: „По смртта на тато, ова ми е прва радост, тој ќе беше горд на вас“

Еспресо

Полната Месечина на 2 април носи пресврт – што го очекува вашиот хороскопски знак?

Т.Ц.

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.
Се вчитува....