09:46 - 20 ноември, 2026

(Фото) И Калиопи жртва на измама, како Каролина: Лажно интервју и реклама за капки за подобар слух

Вчера, Каролина Гочева ги предупреди своите следбеници на социјалните мрежи дека е жртва на измама, односно дека е злоупотребен нејзиниот лик во лажна реклама, а се однесува на производ за подмладување на кожата.

Денес пак, со вакво предупредување за своите фанови се јави Калиопи.

„Би сакале да Ве информираме дека интервјуто и рекламата за извесни капки за подобрување на слухот, кое изминативе денови кружи на интернет, во кои Калиопи е претставена како промотер и корисник на истите е – ЛАЖНО И ИЗМИСЛЕНО!“, напиша нејзиниот менаџмент тим и додадоа дека „бидејќи е злоупотребено името на Калиопи, сакаме по пат на јавно известување да упатиме апел да не потпаднете под влијание на овие дезинформации“.

Претходно и неколку македонски лекари предупредија дека се злупотребува нивното име за реклами кои нудат разни лекарства.

Слични објави

Кремасто задоволство со вишни и чоколадо — рецепт за торта без печење

К.С.

Дневен хороскоп за 20 ноември: Искористете го денот за донеување на важни одлуки, но бидете внимателни

apostolova

(Фото+видео) Мексиканска храна и посебно изненадување: Анастасија покажа како Гудељ го прослави 35. роденден во Мадрид

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан покрај Пула, но три години не може да се всели

Еспресо

(Видео) Јаков Јозиновиќ и Џејла објавија мистериозни видеа во исто време: „Мислев дека е вештачка интелигенција“

Еспресо

(Фото) Атина Тошиќ отпатува во Австрија: Шопинг во луксузни бутици и стајлинг со потпис на „Шанел“

Еспресо
Се вчитува....