14:00 - 27 ноември, 2026

(Фото) Голема роденденска забава за малиот Перун: Синот на Огњен Амиџиќ наполни две години

Синот на Огњен Амиџиќ и Мина Наумовиќ, Перун, пред два дена го прослави својот втор роденден. Родителите му организираа незаборавна роденденска забава во детска игротека, а дел од атмосферата гордата мајка ја сподели на социјалните мрежи.

Мина покажа убава декорација составена од сини и жолти балони, а во просторот имаше и светлечка бројка 2.

Малиот славеник бил облечен во жолта комбинација со мало репче на главата, а на ѕидот зад него било испишано неговото име.

Тортата била богато украсена со фигури од животни и балони, а целото семејство заедно позирало пред да Перун ги дувне свеќичките.

„Мој Перу, само биди среќен“, напиша Мина во описот на објавата на која насмеана позира покрај Огњен и децата.

Да потсетиме, водителот Огњен Амиџиќ претходно му го честиташе роденденот на синот со емотивна порака.

„Перун, ти благодарам што токму на денешниот ден пред две години ТИ стана мој син. Среќен роденден, те обожавам. Засекогаш остани ваков посебен, здрав и среќен. Донесе неизмерна радост во нашиот живот“, напиша тој.

Инаку, Огњен од бракот со манекенката Данијела Димитровска го има постариот син Матија, додека со сегашната сопруга Мина има две деца — синот Перун и ќерката Лола.

Слични објави

Го нарекуваат „природен Оземпик“, а го има во речиси секоја кујна — дали овој евтин производ навистина помага при слабеењето?

К.С.

Николина Ковач и Саша Капор за брачните предизвици и семејната хармонија: „Никаде не е идеално…“

Е.А.

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо

Меки како облак, а не се пржат во масло — рецепт за домашни крофни од рерна

К.С.

(Видео) Владо Јаневски во „Евергрин“ ја запиша својата тајна географија на Скопје

Т.Ц.

Марија Шерифовиќ нема да ја претставува Србија на Евровизија 2027: „Поради бројните професионални обврски не ја прифати поканата“

Е.А.
Се вчитува....