11:13 - 7 ноември, 2026

(Фото) Голема промена кај Весна Бејби по 20 години, а покажа и каква е кога ќе стане од спиење

Фото/ Принтскрин јутјуб

Весна Петрушевска објави дека по 20 години ќе ѝ се случи голема промена, а актерката покажа и каква е сосема природна, кога ќе стане од спиење.

Во инстаграм-приказната која ја објави, Весна рече дека по цели 20 години, таа нема да навива часовник и нема обврски никого да буди и да вози некаде. Весна се пошегува дека видеото го снимила како инфлуенсерките кои изгледаат секогаш средено, дури и кога ќе станат од спиење.

Во октомври, актерката се огласи од болница по операцијата, за која рече дека е четврта за една година.

– Помина, малце така Господ го видов цела ноќ ама помина. Инаку влегов со песна на операција, оти баш тогаш се случи Халид Бешлиќ да умре. И јас ја пеев „Миљацка“ со една сестра. За овие година и пол сама си одам во болница, сама се враќам, свесно си докажувам себеси дека можам сама и ги избегнувам оние моменти на непотребни емотивни состојби.

Животот е тука за да нѐ научи да бидеме храбри, да се бориме и да научиме да бидеме сами, оти сами доаѓаме на овој свет, сами си одиме – рече актерката, која пред повеќе од една година објави дека се оперирала од рак на дојка.

Слични објави

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо
Се вчитува....