15:35 - 4 ноември, 2026

(Фото) Годините за неа се само бројка — Амернис Нокшиќи го прослави роденденот со ќерките и пријателите

Македонската актерка Амернис Нокшиќи пред неколку дена го прослави својот роденден во друштво на ќерките и најблиските пријатели.

На социјалните мрежи таа сподели видео на кое ја дува свеќичката на роденденската торта, како и неколку фотографии преку кои покажа дел од атмосферата на прославата.

Под објавата се нижеа бројни роденденски честитки, а меѓу оние што ѝ упатија убави желби беше и македонската пејачка Каролина Гочева.

„Среќна, најсреќна убавице!“, напиша Каролина во коментар.

 

View this post on Instagram

 

Со својата природна убавина и шарм, Нокшиќи остава впечаток дека годините за неа се само бројка. Иако се приближува кон шестата деценија од животот, актерката изгледа речиси непроменето во споредба со периодот од пред дваесетина години.

Актерката, која зад себе има бројни филмски и телевизиски улоги, е мајка на две ќерки, Бора и Каја, кои ги има од бракот со новинарот Борјан Јовановски.

Слични објави

(Фото) Катиа Донева ќе ја претставува Македонија на Мис Универзум 2026 — македонската Барби ќе блесне на светската сцена

К.С.

Миша Гроф ги демантира обвинувањата на Николина Пишек: „Видое не ја тепаше, по пет години зборува така поради новиот вереник“

E.A.

(Фото) Роденденската прослава продолжи – познатата босанска инфлуенсерка направи журка во Токио за 42. роденден

Еспресо

Оливер Мандиќ изградил рај на Тара, 4 луксузни куќи од 450 квадратни метри и мост – империја вредна милиони

Еспресо

Викторија Лоба: Многу сум емотивна и ранлива, а некои мислат дека сум арогантна и недопирлива

Еспресо

Цеца Ражњатовиќ започна нов бизнис: Регистрираше фарма и кланица на својата адреса, а фирмата ги има и првите минуси

E.A.
Се вчитува....