10.8 C
Скопје
20:30 - 17 март, 2026

(ФОТО) ГЕРМАНСКА БАЈКА НА ОХРИЃАНКАТА ЛИЛЈАНА: Трендафилите ме потсетуваат на Охридскиот парк каде го поминав детството!

Убаво е кога ќе се изнајдеме Македонци на сите страни на светот, а обединети преку љубовта кон земјата и кон – цвеќињата. Денес разговараме со Лилјана Спироска, охриѓанка која веќе 30 години живее во Липетал, Германија.

фото – приватна архива

Лилјана има преслатка професија – слаткарка, а хоби ѝ се сликарството и нејзиниот двор. Цвеќиња одгледува повеќе од 15 години.

Фасцинантен е дворот на Лилјана, се простира на неверојатни 1.500 квадратни метри, со тревник и разновидни цвеќиња и украсни дрва.

– Негувам сардели, трендафили, петунии и многу други цвеќиња, ни вели нашата цветна дама.

За градината е одговорна токму таа.

– Љубовта кон цвеќете ја имам наследено од мојата мајка. Секако, треба да се има време и многу љубов, потребно е по неколку часа на ден да се посвети на градината, ни објаснува охриѓанката во Германија.

На Лилјана најомилени ѝ се трендафилиите за кои вели дека ја потсетуваат на Охридскиот парк каде го поминала своето детство. Ги сака и сарделите кои ѝ ја красат цела куќа од пролет до есен.

– Од наесен, дворот ми го красат Митровденските цвеќиња, – горда е Лиле. 

Следува нејзиниот совет за оние кои сакаат да почнат да се занимаваат со нега и одгледување на цвеќе и растенија.

– За почетници би препорачала сукулентни растенија, седум, ги има многу врсти и најлесно е за одгледување и не бара посебни услови, вели нашата Лиле и ви испраќа топли поздрави од Липетал.

Инаку, Лилјана е членка на Фејсбук групата …ДВОРЧЕТО…, група која ви ја препорачуваме да си станете член и да се изнагледате преубави објави!

УЖИВАЈТЕ ВО ФОТОГАЛЕРИЈАТА!

ФОТО – ПРИВАТНА АРХИВА 

Слични објави

Кога се сврте, проработе фантазијата – дали Маја носи нешто под фустанот?

Еспресо

(Фото) Приклучена на апарати: На познатата пејачка Диди Џеј ѝ се влоши здравјето, има проблеми со срцето

Еспресо

Весна Змијанац се потсети на бракот со Кемиш: „Се обидувавме да имаме дете, но не ни успеа“

Еспресо

Велат дека ова е најдобрата пилешка салата што можете да ја направите – трикот е во подготовката на месото

Еспресо

(Фото) Николија пред Реља била во љубов со НБА кошаркар: Врската траела две години, но кариерата пресудила

Е.А.

Дали е време за укинување на Оскарите? Церемонијата се соочува со обвинувања за дискриминација, пад на гледаноста и игнорирање од ѕвездите

Еспресо
Се вчитува....