15 C
Скопје
15:13 - 28 март, 2025

(ФОТО) ГЕОРГИНА ОБЈАВИ ФОТОГРАФИЈА ОД УЛТРАЗВУК: Коментарот на Роналдо им се допадна на илијадници луѓе

георгина родригез, кристијано роналдо

Светски познатиот фудбалер Кристијано Роналдо и неговата партнерка Георгина Родригез минатата недела со јавноста споделија среќни вести дека очекуваат близнаци. Сега, Родригез објави симпатична фотографија од ултразвук.

СРЕЌНА ВЕСТ: Кристијано Рондалдо и Георгина Родригез очекуваат близнаци

„Нестрпливи“, напишала Георгина покрај фотографијата од лекарската ординација на која се гледаат и нивните деца како седат и чекаат да заврши прегледот.

Во лавината коментари под нејзината објава се појави и коментар од Роналдо со емотикон со склопени раце во знак на молитва кој за неколку минути им се допадна на неколку илијадници луѓе.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio)

Џорџина и Роналдо минатата недела објавија дека чекаат близнаци.

„ПРЕСРЕЌНИ СМЕ ШТО МОЖЕМЕ ДА ОБЈАВИМЕ ДЕКА ОЧЕКУВАМЕ БЛИЗНАЦИ. НАШИТЕ СРЦА СЕ ПОЛНИ СО ЉУБОВ И ЕДВАЈ ЧЕКАМЕ ДА ВЕ ЗАПОЗНАЕМЕ. БЛАГОСЛОВЕНИ СМЕ“, НАПИША РОНАЛДО во својата објава.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano)

Тоа ќе биде петто и шесто дете на славниот фудбалер и втор пар близнаци.

Георгина е мајка на нивната ќерка Алан Мартин која ја роди пред четири години, неколку месеци откако близнаците Ева Марија и Матео Кристијано ги доби од сурогат мајка. Сурогат мајката на Роналдо го роди и неговиот најстар син Кристијано Јуниор, кој има 11 години.

Слични објави

Почина братот на Вики Миљковиќ: „Секогаш се грижев за тебе, сега ти чувај нѐ од горе“

Еспресо

Ана Бекута има три пензии: Дали знаете какво образование има познатата пејачка?

Еспресо

Дарко Лазиќ откри зошто плачел на свадбата: „А можев да спијам со уште илјадници жени…“

Еспресо

(Фото) Мајката на Ана Николиќ позира во минијатурни бикини: Во седмата деценија покажа каква бомба е

Еспресо

Сопругата на Милиќ Вукашиновиќ откри каква е состојбата на рокерот по ампутација на ногата: „Оди со патерици и протеза“

Еспресо

(Видео) Тања Савиќ му посвети дел од концертот на Саша Поповиќ: Пејачката скршена од тага се обрати со емотивни зборови

Еспресо
Се вчитува....