0.8 C
Скопје
13:20 - 18 јануари, 2025

(Фото) Фустани од над 100.000 евра: Александра Пријовиќ за дотерување за концертите „изела“ луксузен стан

Александра Пријовиќ ја започна својата турнеја „Од исток до запад“ со концерти во белградската Штарк Арена, а потоа настапи во сараевска Зетра. Следуваат концерти во Тузла, кои се веќе распродадени, потоа Загреб со пет полни Арени, секако распродадени.

Популарната пејачка напорно работеше на секој детаљ за на публиката да ѝ приреди атмосфера за паметење, а посебно внимание посвети на својот стајлинг за кој со денови се зборува.

Александра претходно нагласи дека заработените пари ги вложува во кариерата, па освен што финансира нови песни, сака да го троши заработеното на скапи модни парчиња.

Серијата концерти ја започна во Белград, кога пред полната Арена се појави во златно-сребрена креација во необичен крој со бројни светкави детали, која ја истакна нејзината витка фигура.

Во текот на вечерта овој фустан го замени со црн кожен комплет, од брендот „Alexander McQueen“, за кој платила околу 13.500 евра.

На крајот на вечерта таа облече бела модна комбинација, костум со необично сако со голем блескав брош на реверот. Неговата цена е 2.850 евра, додека цената на панталоните е 690 евра.

Следниот концерт го отвори со црн фустан кој го истакна нејзиното деколте.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lepa Brena (@lepabrenaa)

Потоа, се појави во црн костим со светки кој чини 16.500 илјади евра.

За еден музички блок таа носеше црвен кожен комплет составен од корсет со прерамки и здолниште, од брендот Александар Меквин, кој очигледно е омилен бренд на пејачката, а чија цена е околу 10.000 евра, пишува српски „Курир“.

инстаграм

 

Третиот концерт во Арена го започна со црвен секси фустан.

Во текот на вечерта таа носеше црно здолниште со длабок шлиц како и кожен елек. Здолништето со длабок шлиц чинеше 8.500 евра, елекот 2.990 евра, а кожениот горен дел 1.900 евра, пренесува „24седам“.

За концертите во Зетра користела некои од претходните аутфити, што предизвика конфликт на мислења.

Првиот концерт го отвори во сребрено-златен елегантен и долг фустан со длабоко деколте.

фото кредит - гранд
фото кредит – гранд

Таа во текот на вечерта облече црн костум кој чини околу 4.500 евра, но и комбинација во рок стилот од брендот „Александар Меквин“ во црвена боја со украсни ремени, во кој настапи и пред белградската публика.

 

фото кредит – Гранд

Пејачката го повтори и белиот костум од концертот во Белград. Покрај тоа, Александра ја воодушеви публиката во црвено-црна комбинација. Станува збор за модел на британската модна куќа „Александар Меквин“ вреден дури 3.000 евра, а со моделот искомбинира и  црн кожен ремен вреден 1.500 евра, пишува српски „Курир“.

фото кредит Гранд

Александра Пријовиќ платила повеќе од 70.000 евра само за гардеробата за која веќе е откриена цената. Но, цената не е позната за креациите со кои ги започна концертите, раскошните и елегантни фустани кои беа прилагодени по нејзина мерка, па се претпоставува дека популарната пејачка само за стајлингот за концертите платила над 100.000 евра.

Слични објави

(Видео) За 12 дена одмор „искешира“ 20.000 евра! Милица Павловиќ сама замина на егзотична дестинација

Еспресо

Сандра инсистира: Поранешната сопруга на Милан Калиниќ го поканила на ручек, а дали тој прифатил?

Еспресо

(Фото) Совршено утро во кревет на Тајланд, снаата на Брена откри дека Виктор ја третира како кралица: „Љубовта на мојот живот“

Еспресо

Хороскоп за 18 јануари: Јарците не знаат кај им е главата, Рибите ќе ја променат работата, а вие?

apostolova

(Фото) Сите на куп: Драгана Мирковиќ со децата и снаата ужива во луксузот на Дубаи

Еспресо

(Видео) Секогаш насмеана и згодна: Лила Филиповска се присети како изгледала низ времето

Еспресо
Се вчитува....