7.8 C
Скопје
20:17 - 11 март, 2026

(Фото) Еве го значењето на бесрамниот фустан на Кјара Ферањи на Сан Ремо: „Кој е без грев, нека го фрли првиот камен!“

Убавата модна инфлуенсерка Кјара Ферањи беше една од ѕвездите на фестивалот Сан Ремо, на вчерашната вечер. Првиот пат на бината излезе со фустан од Диор, на кој беа испишани зборовите зборовите „размислувај слободно“, а нејзиното второ појавување на бината уште повеќе ги шокираше гледачите на фестивалот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Chiara Ferragni ✨ (@chiaraferragni)

Ферањи се појави „целосно гола“ или, барем, така изгледаше. Но, таа веднаш ги увери сите: Не сум гола, но овој фустан е дизајниран според облиците на моето тело. Значи, тоа е репродукција, значи, илузија на голотија.

Но, што значи овој фустан за Кјара Ферањи? Водителот Амадеус ѝ го постави ова прашање и нејзиниот одговор беше јасен и силен:

„Овој фустан има многу важно значење за мене, бидејќи телото на жената никогаш не смее да генерира омраза или срам“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Chiara Ferragni ✨ (@chiaraferragni)

За фустанот Амадеус даде и објаснување на Инстаграм, нарекувајќи го бесрамниот фустан, кој всушност има цел да го сврти вниманието кон правата на жените, нивните тела и начинот на кој се доживува  женското тело, а за кое за жал, сè уште се дискутира и се става под лупа.

Инаку, фустанот е креација на Диор и е дел од колекцијата за пролет/лето 2018.

Оваа илузија на голотија сака да ги потсети сите на правото и родовата еднаквост и е потсетник дека секој што ќе одлучи да се појави или да се чувствува секси, не овластува никого да го оправдува насилството на мажите или да ги ублажи нивните грешки.

принтскрин

„Ова е тело на жена, она на Кјара Ферањи, која би сакала да им даде глас на сите жени во светот кои се подложени на забрани и злоставувања, на сите оние на кои им се кажува дека нивното тело создава срам, дека тоа е само предмет на желба или што поттикнува на грев. Ова е сечие тело. Кој е без грев, нека го фрли првиот камен!“, забележа водителот.

Слични објави

Внуката на Милена Дравиќ проговори за Гага Николиќ на 10-годишнината од неговата смрт: „Нема таква љубов…“

Е.А.

Кија Коцкар ќе се мажи во Лас Вегас!: „На мојата венчавка ќе има само луѓе што ми се допаѓаат“

apostolova

(Фото) Здравко Чолиќ ја бакнува убавата хрватска мис, сопруга на Тарик Филиповиќ

Еспресо

Загина братот на Дарко Лазиќ во сообраќајна несреќа со мотоцикл

Еспресо

„Зошто ја сакам?“: Како зборуваше големиот југословенски шармер Драган Николиќ, за кого љубовта беше пред сè

Еспресо

Марија Микиќ откри сè за односот со Милица Павловиќ: На работ на солзи, објасни што направила нејзината колешка

Еспресо
Се вчитува....