14:00 - 27 ноември, 2026

(Фото) Емотивно писмо од Саша Поповиќ: „Во вакви моменти кога ќе се сетам дека те имам…“

Еден од најпознатите продуценти на регионалната сцена, Саша Поповиќ, предизвика големо внимание на социјалните мрежи кога на својот Инстаграм профил сподели емотивно писмо посветено на неговата сопруга Сузана Јовановиќ.

Во писмото кое наиде на голем број позитивни реакции, Поповиќ отворено ги изразува чувствата кон својата долгогодишна животна сопатничка.

Саша Поповиќ и Сузана Јовановиќ поминаа повеќе од три децении заеднички живот во кои изградија силна и долготрајна врска. Во писмото што го објави на Инстаграм, Поповиќ истакна колку е благодарен што имал можност да го помине животот покрај Сузана, истакнувајќи ја нејзината поддршка и љубов како неизмерна вредност во неговиот живот.

-Понекогаш така застанувам и се прашувам: Можно ли е ова да е мојата сопруга Сузана, мојата поубава половина, во вакви моменти кога ќе се сетам дека те имам јас сум најсреќниот маж на светот – напиша Саша на Инстаграм.

инстаграм, принтскрин

Во писмото кое ги потресе социјалните мрежи, Саша Поповиќ ја покажа својата емотивна страна, нагласувајќи колку му значи љубовта што ја дели со сопругата. Неговата искреност и отвореност воодушеви многу следбеници на Инстаграм, кои во голем број одговорија со зборови на поддршка и ентузијазам.

Слични објави

Го нарекуваат „природен Оземпик“, а го има во речиси секоја кујна — дали овој евтин производ навистина помага при слабеењето?

К.С.

Николина Ковач и Саша Капор за брачните предизвици и семејната хармонија: „Никаде не е идеално…“

Е.А.

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо

Меки како облак, а не се пржат во масло — рецепт за домашни крофни од рерна

К.С.

(Видео) Владо Јаневски во „Евергрин“ ја запиша својата тајна географија на Скопје

Т.Ц.

Марија Шерифовиќ нема да ја претставува Србија на Евровизија 2027: „Поради бројните професионални обврски не ја прифати поканата“

Е.А.
Се вчитува....