13.8 C
Скопје
17:27 - 17 октомври, 2026

(Фото) Едита излезе од породилиште, дома ја пречека најсреќната семејна глетка: „Срцето ќе ми пукне од среќа“

Српската пејачка Едита Арадиновиќ пред неколку дена стана мајка, а сега со својата новородена ќерка Зоија пристигна дома од породилиштето.

Едита, која доби дете со поранешниот партнер Ненад Стевиќ, првпат се оствари во улогата на мајка, а радосната вест ја сподели со своите следбеници на социјалните мрежи.

Според објавите, пејачката и бебето веќе се дома, каде што ги пречекало семејството. Нејзината сестра Инди, со голема радост, објави фотографија на која ја држи малата Зоија во раце.

„Животот на тета“, напиша Инди покрај фотографијата.

Подоцна сподели уште една порака во која не ја криеше среќата поради новиот член во семејството.

„Луѓе, срцето ќе ми пукне од толку љубов и среќа. Нејзиното присуство… Не може да се опише“, напиша таа.

Едита Арадиновиќ се породи во породилиштето „Народен фронт“ со царски рез. Претходно откри дека многу сакала породувањето да биде природно и дека се подготвувала за тоа, но бебето пристигнало порано од предвидениот термин.

„Многу сакав да се породам природно, се подготвував за тоа. Дури и порано се случи, бидејќи терминот беше 3 август… Сè беше како на филм, ми пукна воденикот“, раскажа новопечената мајка.

Слични објави

(Фото) Северина покажа како се опушта пред настап – ужива во костим за капење и очила за сонце како да е лето

Еспресо

Цел живот патиме една по друга: Тамара Тодевска откри емотивна приказна за сестра ѝ Тијана

Еспресо

По долги години во Америка, Александра Пилева навести враќање во Македонија: „Ќе се видиме наскоро“

Еспресо

Марија и Бојан од „Ај кју“ брзо ќе станат родители: Со мојата љубов и нашето бебе

Еспресо

(Фото) Трпезариските маси на Wood room сега се достапни по набавни цени

apostolova

„Почивај во мир, ангелу македонски“: Перо Камиказа откри како Тоше Проески му дошол дома и ги пеел песните на „Меморија“

К.С.
Се вчитува....