8.8 C
Скопје
21:27 - 30 март, 2026

(Фото) Џорџина Родригез се изјасни што мисли за сопругата на Меси: Дали „секирите“ се конечно закопани?!

Дури и оние кои не следат фудбал знаат за ривалството меѓу двајцата најголеми фудбалери на денешницата, Португалецот Кристијано Роналдо и Аргентинецот Лионел Меси, но се чини дека нивното ривалство не важи за нивните сопруги или партнерки, иако Џорџина и Антонела многумина ги нарекуваат – ривалки.

Имено, Инстаграм го „запали“ интересна преписка помеѓу сопругата на Меси, Антонела Рокузо и партнерката на Роналдо, Џорџина Родригез.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio)

Така, кога неодамна Антонела на својот Инстаграм профил објави нови фотографии од своето совршено извајано тело, меѓу илјадниците коментари најмногу внимание привлече оној кој откри што навистина мисли Џорџина за сопругата на Меси.

Црномурестата убавица одговори на секси фотографиите на бринетата во коментарите објави емотикон со зелено срце – со што откри дека меѓу нив нема љубомора или нетрпеливост!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Antonela Roccuzzo (@antonelaroccuzzo)

На Инстаграм профилот на сопругата на Меси најчесто можат да се забележат различни семејни моменти, а таа особено сака да се фали со своите преслатки синови Тиаго, Чиро и Матео. Џорџина пак, сака да се фали со своето совршено тело и луксузниот живот во кој ужива.

Со оглед на тоа дека двете сопруги на славните фудбалери сега се во добри односи благодарение на покажувањето на пријателството на Џорџина, можеби нивните сопрузи фудбалери ќе се помират и ќе почнат да се дружат – ако ништо друго, кога ќе се повлечат од фудбалските терени.

 

 

Слични објави

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо

Мина откри како го запознала Огњен Амиџиќ: „Дојдов за работа и се зезнав“

Еспресо

Месечен хороскоп за април и среќни датуми за секој хороскопски знак

Еспресо
Се вчитува....