15:41 - 1 април, 2026

(Фото) Џорџ Клуни ја пофали сопругата која блесна во црн фустан: „Секогаш сум горд што сум во иста просторија со неа“

Амал Клуни во луксузен црн фустан му се придружи на Џорџ на настанот.

63-годишниот американски актер Џорџ Клуни и неговата сопруга 46-годишната адвокатка Амал заедно излегоа во јавност, објави Пипл.

Ѕвездената двојка се појави на настанот The Albies на Фондацијата за правда на Клуни во Њујорк.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Page Six (@pagesix)

Актерот од „Ocean’s 11“ излезе во јавност во класичен деловен костум со бела кошула и црна машна. Во меѓувреме, Амал облече прекрасен црн фустан, на кој додаде светкав накит и ја распушти долгата коса.

Џорџ Клуни ја пофали својата сопруга додека организираа хуманитарен настан за подигање на свеста за загрозените бранители на правдата.

Церемонијата се одржа во Јавната библиотека во Њујорк.

Холивудскиот актер рече дека „ќе ја поддржи сопругата во сè што таа е вклучена“ додека стоеше до неа на прославата.

Клуни им порача на луѓето на црвениот тепих: „Таа е секогаш на вистинската страна на историјата и секогаш сум горд што сум во иста просторија со неа“.

Потсетуваме, Џорџ и Амал се венчаа во 2014 година. Тие ги имат близнаците Ела и Александар.

Слични објави

(Фото+видео) Дарко Лазиќ отиде на Света Гора по смртта на братот, па доби поддршка од најблиските

Еспресо

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо

(Фото) Крајно непријатно – Азис не може да спие на стомак поради новите гради

E.A.

(Фото) По долго време, Искра Трпева ѝ се врати на старата љубов

msp-admin

Ана Николиќ e загрижена за здравјето на Рале: „Состојбата е сѐ полоша и полоша“

Еспресо

(Фото) Ирена Спировска во елегантен и гламурозен фустан, привлече внимание на посебен настан

Еспресо
Се вчитува....