7.8 C
Скопје
09:24 - 31 март, 2026

(Фото) Џенифер Лопез и Бен Афлек конечно се скрасија во нов луксузен дом: Вила со внатрешност од 1.500 квадратни метри

Замокот лоциран на голем имот во Пацифик Палисадес е новиот дом на Џенифер Лопез и Бен Афлек. Сместен е во луксузна станбена област во Лос Анџелес, помеѓу Санта Моника и Тихиот Океан. Оваа четврт е позната по паркот Темескал, кој вклучува пешачки патеки и нуди уникатен поглед на брегот, луксузниот музеј Гети Вила со експонати на грчки и римски антиквитети и вилата Имс во стилот на модернистичката архитектура од средината на дваесеттиот век. Неизбежни се и песочните плажи и елегантното соседство кое главно го сочинуваат познати личности.

Џенифер Лопез и Бен Афлек за вилата платиле 64 милиони долари, а интересно е што оваа локација не им е непозната бидејќи токму неодамна Бен Афлек ја продаде својата помала вила во истата населба.

Новата вила се наоѓа на луксузен имот опкружен со природни убавини, додека внатрешната квадратура е дури 1.500 квадратни метри.

Новите сопственици располагаат со осум спални соби, единаесет бањи, голема теретана, кино сала, голема дневна соба и луксузна тераса и базен.

Во рамките на имотот има куќа за гости и уникатен поглед на Рустикал кањон.

 

Слични објави

(Фото) Уникатен дар за мајка си од Лора: Ќерката на Турунџиева направи нешто посебно

msp-admin

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо
Се вчитува....