14:42 - 13 ноември, 2026

(Фото) Џенифер Лопез го покажа новиот луксузниот дом од 60 милиони долари: Сè блеска од сребрен и златен декор

Пејачката објави ретки фотографии од нејзиниот нов луксузен имот со сребрен и златен декор.

Џенифер Лопез конечно им овозможи на фановите да ѕирнат во нејзиниот нов мега-дом вреден 60 милиони долари што го дели со сопругот Бен Афлек. За ова пишува Дејли Мејл.

Дивата го покажа луксузниот ентериер додека позираше и се подготвуваше за блескавиот настан LACMA Gucci во Лос Анџелес во сабота.

Нејзиниот дом, кој таа и Бен го купија во мај оваа година, е украсен во бела боја со сребрени и златни детали.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)

Ова не е прв пат пејачката да го покаже својот огромен дом: Лопез претходно снимаше видеа во својата кујна, позираше во нејзината дневна соба и во дворот со поглед на бесконечниот базен.

Холивудската моќна двојка го купи домот претходно оваа година и се преселија ова лето во него, а Џеј Ло го надгледуваше реновирањето.

Двојката живее и со тинејџерите- близнаци на Џенифер Лопез, Макс и Ема, кои ги дели со поранешниот сопруг Марк Ентони. Бен го дели старателството над своите три деца, Вајолет, Серафина и Семјуел, со поранешната сопруга Џенифер Гарнер, а тие исто така се чести посетители на новиот дом на нивниот татко.

Според TMZ, двојката ова лето издвоила 60,85 милиони долари за замокот од 46.000 квадратни метри.

Слични објави

(Фото) Сите имаме мал црн фустан, но Нина Бадриќ покажа како да му дадеме сосема нов изглед

Т.Ц.

Сопругата на Саша Поповиќ останува сама во луксузната вила на Бежанијска коса, децата го напуштаат семејниот дом

Еспресо

(Фото+видео) Гламур во металик тоалета — Ана Ивановиќ ѝ врачи признание на Анџелик Кербер во Франкфурт

К.С.

Се израдував како мало дете: Денис Јанкуловски Космонаутко доживеа средба што ќе ја памети долго

Еспресо

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.
Се вчитува....