17.8 C
Скопје
12:48 - 25 март, 2026

(Фото) Детаљ од првата фотографија на Кејт Мидлтон по операцијата, сериозно ги загрижи фановите: Нешто недостасува…

Кејт Мидлтон, принцезата од Велс, ѝ се обрати на јавноста за првпат по операцијата на абдоменот во јануари.

Таа објави фотографија со своите деца за да го прослави Денот на мајката во Велика Британија. Сепак, таа на фотографијата се појави без бурмата и вереничкиот прстен, што ја загрижи јавноста.

Кејт Мидлтон (42) се одлучи за едноставен изглед на фотографијата што ја направи нејзиниот сопруг принцот Вилијам и на која се гледа како ги гушка своите деца – принцовите Џорџ (10) и Луис (5) и принцезата Шарлот (8).

Одлучувајќи се за чизми од марката „Chloe Combat“ од 250 фунти, кои ги носеше неколку пати претходно, Кејт изгледаше природно во фармерки, црн поло џемпер и темно-зелена јакна.

Принцот Џорџ пак, и принцезата Шарлот носеа џемпери од француската модна марка „Cirillus“.

Кејт на фотографијата е без накит, што е несекојдневен потег на принцезата. Обично таа фо носи венчалниот прстен кој претходно ѝ припаѓал на принцезата Дајана.

Слични објави

(Фото) Летување во камп во 1990-тите: Носталгичен спомен на Миа Костова

msp-admin

Ана Николиќ се врати во својот стан, соседите се очајни: „Спиевме мирно додека таа беше во хотел“

Еспресо

(Фото) Мала радост во домот на Наталија, сопругата на Андреј од ДНК

Еспресо

(Видео) Еве како да го започнете денот: Здрав појадок според рецепт на бремената Едита Арадиновиќ

Еспресо

(Видео) Цаки „Кисми“ ептен изненади, во приказната е и Снеже Велков

Еспресо

Хороскоп за 19 март: Рибите носат важна емотивна одлука, Овните чувствуваат нов почеток

Еспресо
Се вчитува....