13:47 - 10 ноември, 2026

(Фото) Дарко Лазиќ објави фотографија со покојниот брат и ги растажи сите: „Таа рана никогаш не зараснува“

Српскиот пејач Дарко Лазиќ повторно ги разнежни своите следбеници со емотивна објава на социјалните мрежи. Тој на својот профил на Инстаграм сподели фотографија со својот покоен брат Драган Лазиќ, кој трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа. Болката по загубата сè уште не стивнува, а објавите на пејачот покажуваат колку многу му недостига брат му.

На фотографијата двајцата браќа позираат насмеани, а Дарко гордо стои покрај Драган, не насетувајќи дека животот ќе им приреди толку голема трагедија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by DARKO LAZIĆ (@darkolazicofficial)

Споменот на заедничките моменти очигледно и понатаму има посебно место во срцето на пејачот, кој преку ваквите објави ја одржува живата врската со својот брат.

Под фотографијата веднаш почнале да се нижат коментари од луѓе кои се обидуваат да му дадат утеха на Дарко во тешкиот период.

„Даре, голема е тагата, мораш да продолжиш понатаму, нека го чуваат ангелите“, напишал еден од следбениците.

Друг коментар особено се издвоил поради искрените зборови за болката од загубата:

„Да те утешам, не можам и не знам како. Едно морам да ти кажам, таа рана не зараснува, вечно боли, само човек се навикнува да живее со неа“.

Токму ваквите пораки покажуваат дека многумина сочувствуваат со пејачот и се обидуваат да му дадат поддршка додека се соочува со загубата на еден од најблиските луѓе во својот живот.

Да потсетиме, Драган Лазиќ загина на 11 март оваа година во сообраќајна несреќа, на само 32 години. Зад себе ги остави сопругата и двете деца.

Неговото прерано заминување остави голема празнина во семејството, а Дарко и понатаму преку спомените и фотографиите го чува сеќавањето на својот брат.

 

Слични објави

Зошто во ноември постојано сме уморни и без волја? Овие знаци можат да укажуваат на сезонска депресија

К.С.

Трета среќа – Игор Којиќ во тајност се ожени со избраничката која го носи неговото дете

Еспресо

(Фото) Аделина Тахири воодушеви во црн фустан со длабоко деколте и светкав детаљ

К.С.

Јелена Карлеуша проговори за Зоран Бирташевиќ: „Никој не се кара како нас“

Е.А.

Вкусен прилог со златна кора — рецепт за суфле од четири компири со пармезан

К.С.

(Фото) Македонската ѕвезда на „Гранд“ — Андријана Петрушовска го прослави 27. роденден во бел сатенски корсет и бордо панталони

К.С.
Се вчитува....