12:11 - 15 април, 2026

(ФОТО) Дали би им дале преодна оценка на овие модни комбинации на Џенифер Лопез?

Џенифер Лопез се фрли на промоцијата на нејзиниот нов филм „Омажи се за мене“, кој ќе се појави во американските кина на 11 февруари. Со овој филм латино дивата се враќа во жанрот романтични комедии.

Џеј Ло ја игра поп ѕвездата Кет Валдез, која е во врска со шармантниот пејач Бастијан и планира да се омажи за него на сцената, пред илјадници расположени обожаватели. Меѓутоа, неколку минути пред венчавката, таа открива дека Бастијан ја изневерил со нејзината асистентка и решава да направи драстичен потег и да се омажи за непознат маж од публиката кој држи натпис со порака: „Омажи се за мене“.

Нејзиниот новопечен сопруг Чарли Гилберт, срамежлив учител и самохран татко, го игра Овен Вилсон. Во актерската екипа се и колумбиската пејачка Малума, комичарката Сара Силверман, Џон Бредли, Клои Колман и Мишел Буто.

Џенифер моментално прави серија телевизиски настапи по повод промоцијата на филмот, поради што многу патува низ Америка. Очекувано за една дива, таа во секоја емисија има нов стајлинг, а не е тајна дека Џеј Ло сака ефективни изданија и не се плаши да експериментира со бои или дезени.

Како ви се допаѓаат нејзините модни комбинации?

Instagram
Instagram
Instagram
Instagram
Instagram
Instagram

 

Слични објави

Колку се безбедни спакуваните салати? Брз и „здрав“ оброк или ризик на чинија?

Т.Ц.

„Ги гледа луѓето од високо и ги дели на тоа кој е важен, а кој не“: Српската пејачка „удри“ по Лепа Брена

Еспресо

Тука нешто „смрди“: Неверојатна животна лекција од Снеже Велков

msp-admin

Стјепан Хаусер ги откажа сите концерти: „Мојата состојба бара итно внимание…“

Еспресо

(Фото) Вино за двајца, море и јагоди: Кристина Арнаудова ужива во животот

msp-admin

Дневен хороскоп за 15 април: Избегнувајте конфликти

apostolova
Се вчитува....