14:27 - 19 ноември, 2026

(Фото) Да се стопиш: Пејачката Мими Јовановска ја објави најубавата слика со синот

Најнежната фотографија од себе со синот ја објави пејачката Мими Јовановска од Велес, некогашната фаворитка во српското шоу „Ѕвездите на Гранд“.

Таа и нејзиниот сопруг, Филип Нуневски-Нуне во 2023 година го добија синот Никола, за кој и двајцата посветено се грижат.

– Мајчинството ме промени, не велам не, па сега имам за сè повеќе трпение од порано, а и многу, многу повеќе љубов. Никола дојде во вистинско време – рече Мими во разговор за „Слободен печат“.

Фото / Инстаграм

– На почетокот како и на секоја мајка со прво дете, тешко беше додека си го фатиме редот. Добро е што тоа траеше малку денови, па лесно излегов на крај со нервозите.

Стравовите, како и секој родител, нормално е да ги имаме, но максимално се трудиме со Филип да му дадеме љубов и внимание – вели Мими.

Слични објави

(Фото) Тања Савиќ ја покажа креативната страна додека ужива во луксузниот одмор на Малдиви

Еспресо

(Фото) Не ги пропуштајте големите ноемвриски попусти на трпезариски и клуб маси во Wood room

apostolova

Животот им носи неверојатен пресврт на три хороскопски знаци — пристигнува полната Месечина на 24 ноември

К.С.

(Фото) Адријана Алачки во поинакво издание: наместо пред камерите, покрај казанот со ајвар

Еспресо

(Фото) Мини фустан, корсет и поглед кон Ајфеловата кула — Мина Блажев и Луна Стефановска уживаат во Париз

К.С.

(Видео) „Македонци, ако ве немаше, ќе требаше да ве измислиме“ — Јаков Јозиновиќ воодушевен од подарокот на скопската уметница

К.С.
Се вчитува....