11:39 - 12 март, 2026

(Фото) Црвениот џемпер „црна овца“ омилен на принцезата Дијана оди на аукција

Џемперот со црна овца, кој што го носела покојната британската принцеза Дијана, ќе биде понуден на наддавање кон крајот на август од аукциската куќа Sotheby‘s.

Модниот бред „Warm & Wonderful“ го дизајнирал џепмерот кој ќе биде главниот моден предмет на онлајн наддавањето коешто ќе се одржува од 31-ви август до 14-ти септември.

Црвениот пуловер со осамена црвена овца во мноштвото бели овци, принцезата Дијана првпат го носела кога гледала како тогашниот принц Чарлс игра поло во јуни 1981 година.

Тоа се случило еден месец пред нивната венчавка, што предизвикува нагаѓања за потенцијалното значење и вредност на овој дел од облеката.

Откако бил оштетен кај зглобот, нејзиниот приватен секретар Оливер Еверт ѝ пишал на сооснивачката на „Warm & Wonderful“, Џоана Озборн, и ја прашал дали може да го поправат. Неколку месеци подоцна Дијана добила нов и во него е фотографирана во 1983 година.

Озборн го пронашла оригиналниот џемпер во кутија на таван во март годинава.

„Ако сте принцезата Дијана, сигурно имате пристап до многу парчиња облека којашто можете да ја бирате за носење… Фактот дека сакала нов и две години подоцна повторно го носела… резервениот џемпер, мислам дека тоа многу зборува колку овој џемпер ѝ значел“, рекла за Reuters Синтија Хоултон, глобална шефица за мода во Sotheby’s.

Со џемперот, чијашто вредност во аукциската куќа сега ја проценуваат меѓу 50.000 и 80.000 долари, одат и двете писма од Еверт упатени до Озборн.

Слични објави

Убави вести од Спасен Силјановски, во приказната е и Сузана Гавазова

msp-admin

Весна Петрушевска со емотивна објава и поддршка за Димитар Андоновски

msp-admin

Емотивен момент: Марија Шерифовиќ запеа со момче со Даунов синдром

msp-admin

Ужасни детали од несреќата во која загина братот на Дарко Лазиќ: Возачот на автомобилот кој го удрил е приведен

Еспресо

Хороскоп за 12 март: Скорпиите ќе бидат нервозни, Водолиите ќе започнат нов бизнис

Еспресо

ВИДЕО | Јадев по 100 ќебапи на оброк и неколку кременадли: Пејачот Бојан Стојков ослабе 20 килограми

apostolova
Се вчитува....