9.8 C
Скопје
13:08 - 1 април, 2026

(Фото) Брук Шилдс (57) позира во долна облека на брендот на Ким Кардашијан

Американската актерка Брук Шилдс стана заштитно лице на рекламната кампања за брендот за долна облека Скимс. 

57-годишната Брук Шилдс претстави нови модели на долна облека од брендот Skims, кој е во сопственост на Ким Кардашијан.

„Почестена сум и среќна што сум дел од првата рекламна кампања за градници на Skims. Можам искрено да кажам дека во овие градници сите можеме да се чувствуваме самоуверено и удобно “, вели глумицата.

Ким Кардашијан пак, проговори за новата колекција на долна облека и за жените кои станаа нејзини амбасадори.

„Сакаме сите жени да се чувствуваат удобно во градниците, но уште поважно, да се чувствуваат самоуверено. Ова е најголемата кампања на Скимс и чест ми е што работам со неверојатните жени кои ја оживеаја кампањата“, објаснува Кардашијан.

Ким Кардашијан (41) го лансираше сопствениот бренд Skims во септември 2019 година, а во јануари 2022 година, брендот беше прогласен за една од 100-те највлијателни компании во светот од страна на магазинот Тајм и беше проценет на 3,2 милијарди долари.

Слични објави

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо
Се вчитува....