09:07 - 26 јуни, 2026

(Фото) Бритни Спирс секси танцува во Мексико со маж кој не ѝ е сопругот: Еве со кого ужива пејачката на одмор

Поп ѕвездата Бритни Спирс и нејзиниот сопруг Сем Асгари неодамна се најдоа на насловните страници на таблоидите поради нивната одлука да не ги носат своите венчални прстени. Спирс моментално е на одмор во Мексико со нејзиниот пријател и менаџер Кејд Хадсон, додека Асгари остана во Лос Анџелес, и дека наводно снима проект.

Бритни и менаџерот, фото Инстаграм

Фотографиите до кои дојде Дејли Мејл покажуваат како Спирс пристигнува на аеродромот без бурмата, влегувајќи во џип со плишано мече пред да замине за Кабо. Асгари, исто така, беше забележан без неговата бурма на улиците на Лос Анџелес. Сепак, извор потврди за Дејли меил, дека Асгари ја извадил бурмата затоа што снима проект, со што ги отфрла сите гласини за проблеми во нивниот брак.

Здравјето и благосостојбата на Спирс беа предмет на многу шпекулации во последните месеци. Таа претходно беше под старателство (од 2008 до 2021 година) на нејзиниот татко, кој се грижеше за здравјето и фиансиите на ѕвездата. Спирс долги години се бореше да стави крај на старателството, и да ја врати контролата врз нејзиниот живот, а нејзината битка привлече големо внимание кај медиумите и нејзините фанови.

Асгари беше партнер за поддршка на Спирс во текот на нејзините борби, а тој неодамна даде изјава во која потврди дека интервенцијата, која била планирана поради загриженоста за здравјето на Спирс, не се случила. Тој, исто така, нагласи дека Спирс има целосна контрола врз нејзиниот живот и ќе продолжи да ги носи сите одлуки што ја вклучуваат нејзината грижа без оглед на околностите.


Во меѓувреме, таа е забележана како секси танцува со менаџерот на нејзиното патување во Мексико, очигледно прилично релаксирана.

 

Слични објави

Харис Џиновиќ за ќерката Ѓина: „Сака да се омажи, да има деца и свое семејство“

Еспресо

Хороскоп за 26 јуни: Водолиите ќе бидат инспирирани на работа, Рибите ќе имаат романтична вечер

apostolova

Емина Јаховиќ проговори за естетските процедури – горко се покајала за оваа одлука

Еспресо

(Фото) Прва заедничка слика на Сара Јо и синот на Бјелогрлиќ – новопечениот пар не се одвојува

Еспресо

(Фото) Шок среде улица – Ѓина Џиновиќ се сликаше седната во ќеса

Еспресо

Историја – Игор Џамбазов сподели вредна архивска снимка од татко му Александар

Еспресо
Се вчитува....