08:13 - 7 ноември, 2026

(Фото) Бремената ќерка на Деми Мур и Брус Вилис се појави гола за реклама

Најстарата ќерка на Деми Мур и Брус Вилис се појави во рекламна кампања за брендот за трудници Bumpsuit.

Румер Вилис (34) стана нов амбасадор на брендот Bumpsuit, популарна марка за бремени жени, чии труднички комбинезони во различни периоди ги носеа и Кајли Џенер, Криси Тајген и Софи Тарнер.

На една од црно-белите кадри, најстарата ќерка на Деми Мур и Брус Вилис позира во свилено кимоно обвиено над нејзиното голо тело, а на другата е прикажана во проѕирна туника со прерамки.

„Нашата мисија е да ги поттикнеме жените да ја искусат убавината на мајчинството и ние сме воодушевени што ја прикажуваме прекрасната Румер Вилис во нашата последна кампања“, се вели во насловот на фотографијата на Румер на официјалната страница на социјалните мрежи на брендот.

Во декември 2022 година, Румер Вилис објави дека го очекува своето прво дете со фронтменот на Виста Кикс, Дерек Ричард Томас. Неколку дена подоцна, мајката на девојката, славната Деми Мур, објави на Инстаграм слики од болничката соба за ултразвук, а во март оваа година Румер и нејзиниот сакан направиле бебешка забава посветена на нероденото бебе.

 

Слични објави

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.
Се вчитува....