8.8 C
Скопје
16:51 - 27 март, 2026

(Фото) Бред Пит и Инес де Рамон веќе не се кријат: Дали се на повидок свадбени ѕвона?

Станаа познати нови детали од врската помеѓу Бред Пит и Инес де Рамон, пишува ЕТ онлајн.

Како се развива романсата на 59-годишниот холивудски актер и дизајнерката на накит, открива инсајдер близок до парот за Ет онлајн, тврдејќи дека „среќни се што се заедно и многу блиски“.

„Бред и Инез сè уште се забавуваат, уживаат во друштво еден на друг и имаат слични интереси. Двајцата се креативни, сакаат да патуваат и се среќни што се дискретни. Добро им оди, но Бред не се брза”, вели изворот, одговарајќи на прашања на новинарот во врска со веројатноста за брак на љубовниците.

Де Рамон неодамна беше забележан како носи приврзок со буквата „Б“, очигледно во чест на името на холивудскиот актер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ines Loves Brad (@ines_loves_brad)

Според изворот, „Бред е многу внимателен со кого излегува. Сака да се релаксира и да дозволи работите да се одвиваат природно и спонтано“. Затоа, во блиска иднина дефинитивно нема да има предлог за брак.

Врската на поранешниот сопруг на Анџелина Џоли, и Инес де Рамон стана позната есента 2022. Новата 2023 година ја дочекаа заедно и, наводно, Бред веќе им ја претставил новата партнерка на децата кои ги има со Џоли.

Слични објави

(Видео) Среде настап ѝ паднаа забните навлаки – Манекенка од Тајланд ја освои публиката со смирена реакција на сцена

Еспресо

Тозовац ги оставил синовите без наследство: Еве на кого легендарниот пејач му оставил куќа, два стана и пари

Еспресо

(Фото) Миа Костова прозборе за врска со оженет маж

Еспресо

(Фото+видео) Скршени дрвја, уништен автомобил…: Николина Пишек објави видеа од невремето во Загреб

Еспресо

„На таа љубов не се навраќам често“: Теа Трајковска откри интимна приказна

Еспресо

Луна Ѓогани ѝ се обрати на Анастасија по години молк: „Можеби и јас ја повредив“

Еспресо
Се вчитува....