5.8 C
Скопје
01:02 - 1 април, 2026

(Фото) Бен Афлек пак „уловен“ со Џенифер Гарнер: Не се одвојува од поранешната сопруга

51-годишниот американски актер Бен Афлек повторно се сретна со својата поранешна сопруга, 52-годишната актерка Џенифер Гарнер, пишува Дејли мејл.

Тие заедно го бодреа својот 12-годишен син Самуел за време на кошаркарски натпревар во Санта Моника.

Актерот добитник на Оскар носеше темно сини фармерки и светло сина кошула со копчиња. Поранешната сопруга на Афлек за излегувањето избрала фармерки кои ги комбинирала со темна блуза и очила за сонце.

Бен Афлек и Џенифер Гарнер беа во брак од 2005 година до финализирањето на нивниот развод во 2018 година. Поранешната двојка ја има и 18-годишната ќерка Виолет и 15-годишната Фин.

По разводот, оскаровецот се забавуваше со колешката Ана де Армас, а во 2021 година се смири со Џенифер Лопез. Џеј Ло и Афлек беа заедно и за малку ќе се венчаа во 2003 година, но ја прекинаа врската „преку ноќ“.

По обновувањето на нивната романса, Бен и Џенифер се венчаа во 2022 година. Но само две години подоцна, веќе се шпекулира за нивниот развод. Познато е дека живеат одвоено, и дека Афлек жали за овој брак. Моментно, глумецот живее во изнајмен стан во непосредна близина на неговата поранешна сопруга, Џенифер Гарнер. Официјално, ни Бен ни Џенифер Лопез не ги коментираат шпекулациите за развод, но Џеј Ло неодамна остро рече дека новинарите „подобро знаат“ што се случува меѓу нив.

(Фото) Елеганција и гламур: Македонскиот дизајнер Златко Јовановски ја облече сопственичката на „Сваровски“

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....