18:52 - 2 ноември, 2026

(Фото) „Бебешкото креветче стигна“: Едита Арадиновиќ покажа како ги минува трудничките денови

Пејачката Едита Арадиновиќ која е во шестиот месец од бременоста, на социјалните мрежи покажа како ги поминува деновите додека го очекува своето прво дете.

Таа објави фотографии од својот дом и откри дека моментално најмногу време минува со своите миленици. Пејачката купила два мали шатора за кучињата, кои ќе им служат како место за одмор.

„Креветчето за бебето пристигна“, напиша Едита покрај фотографијата од шаторот, а веднаш потоа сподели и слика од кучето со краткиот опис: „Бебе“.

Фото: Скриншот/Инстаграм
Фото: Скриншот/Инстаграм

Освен што се грижи за нив дома, пејачката откри дека редовно ги носи и на прошетки и дека ужива во нивното друштво додека ги поминува бременичките денови.

Едита неодамна откри и дека добила критики од таткото на нејзиното идно дете, Ненад, откако на интернет објавила снимка од ултразвукот. Таа признала дека подоцна ја избришала објавата.

„Ненад ми рече: ‘Што е со договорот да не објавуваш?’ Сфатив дека направив грешка и ја избришав“, објасни пејачката.

Таа додаде дека и покрај тоа што повеќе не се во љубовна врска, со Ненад се во одлични односи и дека одлуката да не бидат заедно била заедничка.

Слични објави

(Видео) Дани Ѓуровска и сопругот Денис ја воодушевија публиката со романтичен танц на концертот на Сергеј Четковиќ

К.С.

Перо Антиќ со најважните момчиња во неговиот живот – Една фотографија кажува сè

Еспресо

Четири хороскопски знаци ги очекува нова љубов до крајот на 2026 година

К.С.

(Фото) Маја Шупут му го честиташе роденденот на 16 години помладиот дечко: Ми го преврте светот наопаку

Еспресо

(Фото) Елена Велевска во елегантно црно издание — пејачката привлече внимание со својот стил

К.С.

Николина Пишек за насилството што го доживеала: „Кога сакав да си одам, сопругот ми стави пиштол на масата“

Еспресо
Се вчитува....