22:15 - 10 ноември, 2026

(Фото) Бајага направи драма на јавно место: Фотографиран е со новата девојка, па предизвика хаос

Корисникот на социјалната мрежа Х (Твитер) сподели со своите следбеници дека доживеал непријатност кога Момчило Бајагиќ Бајага влегол во неговиот кадар додека се обидувал да го фотографира знамето на Република Србија.

Имено, споменатиот твитерџија се шетал на Ада Циганлија, кога забележал како се вее српското знаме, по што Бајага се појавил на велосипедската патека со новата девојка.

„Како што знамето стануваше се покрупно и сакав убаво да го кадрирам, во еден миг знамето стоеше точно пред мостот создавајќи илузија дека стои на врвот на мостот, но за добар кадар ми пречеа жиците кои се наоѓаа пред него“ – објаснува твитерџијата.

„И така одејќи напред да го фатам кадарот без жици, во кадарот ми упадна Бајага кој мавташе со рака и не дозволува да го сликам. А јас во фазон – ниту тебе те сликам човеку, ниту си ми важен во мојот живот зашто не те ни слушам…“ – додава твитерџијата.

„Кога стигнав на метар од него, ме праша – Зошто фотографија? А јас на тоа одговорив: „Го сликам знамето зад тебе“ – заклучува твитерџијата во чудо зошто толку врева за една фотографија.

Секако, фотографијата брзо стана вирална и собра куп коментари.

Слични објави

(Фото) Сара Јо го прослави 33. роденден во друштво на најблиските, а Алексеј Бјелогрлиќ не ја испушташе од прегратка

Еспресо

(Фото) Елеганција во црвено — Анета Љумаковска во впечатлив костум покрај сопругот на „Фолк фест Роса“

К.С.

(Видео) Мијата со симболичен подарок ѝ пренесе на Емели Санде дел од македонската традиција

Еспресо

Ѓина Џиновиќ со емотивна порака ѝ го честиташе роденденот на мајка си Мелина: „Ти си мојот најголем пример…“

apostolova

Колегите ја обвинија Мина Костиќ за кражба: „Зеде 500 евра, ја бркаа по град и бегаше на помошен излез“

Е.А.

Си зедов дама родена, уф, што ми е погодена – „Ѕма, Ѕма, Ѕм“ повторно живее, Дац и Александар го вратија хитот од 1978 година во чест на Славе Димитров

Т.Ц.
Се вчитува....