7.8 C
Скопје
19:37 - 30 март, 2026

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ згрозена од отворањето на Олимписките игри: „Боже, прости им, не знаат што прават“

Спектакуларната церемонија на отворање на Олимписките игри се одржа во петокот вечерта во Париз, но еден настап особено го привлече вниманието на јавноста и тоа главно негативно.

Многумина беа воодушевени од отворањето, но подеднакво – многумина ова отворање го оценија како најлошо досега, а особено еден сегмент предизвика незадоволство.

Имено, на еден од мостовите на Сена беше прикажана „Тајната вечера“ на Да Винчи, но наместо апостолите и Исус, главни херои и хероини беа драг кралици, транс мажи и жени, како и други од т.н. „категорија чадор“. Инаку, овој мурал датира од времето на ренесансата, а се наоѓа во Милано, во црквата Санта Марија де ла Грација.

Свое мислење за овој настан даде и Анастасија Ражнатовиќ. Таа прво ја сподели „стори“ објавата на  писателот Срѓан Зиројевиќ.

принтскрин

– Олимписките игри почнаа, но не славно. Нив ги отвори раперот Снуп Дог. Сквернавење на Тајната вечера. Јавач без лице на блед коњ кој ја има библиската симболика на смрт и уништување а потоа доаѓа пекол. Дожд кој паѓаше без престан. Ни останаа спортистите кои и покрај се ќе се борат за единство, мир и пријателство. Симболиката што ја пренесуваат спортистите е дека постојано се трудат да ги поместат своите граници и да станат подобри, а тоа е порака и за нас – напиша Срѓан, а Анастасија ја сподели неговата објава.

Пејачката потоа објави снимка со која споредува како се отвориле Олимписките игри во 1992 година, кога олимпискиот оган се палел со лак и стрела, а сега кога фокусот е на драг- кралиците, транс мажите и жените.

принтскрин

„Што е ова луѓе мои? Потсмевање на Бог? Срамота. Боже прости им, не знаат што прават“, напиша Анастасија.

 

Слични објави

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо

Мина откри како го запознала Огњен Амиџиќ: „Дојдов за работа и се зезнав“

Еспресо

Месечен хороскоп за април и среќни датуми за секој хороскопски знак

Еспресо

Ралe ја одложи операцијата на срцето поради нов здравствен проблем: „Не сум добро“

Еспресо

(Фото) Вака изгледа една од најубавите бугарски пејачки без шминка: Што се случува со носот на Преслава?

Е.А.

Ова е вонбрачниот син на Маринко Роквиќ кој живее далеку од Србија: Го откри вистинското лице вдовицата Славица

E.A.
Се вчитува....