14:12 - 21 ноември, 2026

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ со емотивна порака до Немања Гудељ по раѓањето на синот: „Повторно би ја поминала секоја болка“

Анастасија Ражнатовиќ, која пред две недели заедно со сопругот Немања Гудељ стана мајка за првпат, на социјалните мрежи сподели емотивна порака посветена на својот животен партнер.

Ќерката на Цеца Ражнатовиќ и српскиот фудбалер деновиве уживаат во семејниот живот во Севилја, каде што неодамна го добија синот Илијан.

На својот профил на „Инстаграм“, Анастасија објави цитат со кој му ја изрази љубовта на сопругот.

„Дали го сакам? Повторно би ја поминала секоја болна етапа од мојот живот кога би знаела дека тој ме чека на крајот“, напиша таа, додавајќи емотикони со срце и иницијалите на сопругот и синот.

Нејзината објава брзо го привлече вниманието на следбениците, кои ја протолкуваа како уште една потврда за блискиот и складен однос меѓу неа и Немања.

Да потсетиме, Анастасија се породи во приватна клиника во Севилја, градот во кој живее со сопругот откако стапија во брак. Таму се наоѓа и нивниот семеен дом, каде што сега уживаат во првите денови од родителството.

Слични објави

(Фото) Од борбата повторно да застане на нозе до уживањето во ледените води – Ледената кралица Бетика покажа што ја прави среќна

apostolova

Оваа намирница може да ја подобри меморијата — научниците открија што се случува со мозокот ако ја јадете секој ден

К.С.

Зорица Брунцлик за тешкото детство: „По разводот, кај мајка ми јадев едно јајце поделено на четири“

К.С.

„Можете да ме побарате на телефон“ – Ребека Јанковска-Ристески им понуди поддршка на родителите на деца со посебни потреби

Еспресо

Денеска е Аранѓеловден — што не треба да правите на големиот празник посветен на Свети Архангел Михаил?

К.С.

Дино Мерлин: „Татко ми замина кога имав седум години, а мајка ми правеше сè да нè изведе на прав пат“

Е.А.
Се вчитува....