9.8 C
Скопје
19:12 - 13 октомври, 2026

(Фото) Александра Пријовиќ денеска полни 31 година: Мајка ѝ Борка објави досега невидени фотографии од нив двете

Српската фолк пејачка Александра Пријовиќ денеска го слави 31-от роденден, а по тој повод нејзината мајка Борка Михајловиќ објави интересни видеа од нив двете и ѝ испрати емотивна порака.

Имено, Борка објави порака на Инстаграм што ѝ ја посвети на својата ќерка.

– Среќен роденден, моја единствена ќерко. Ти благодарам за секоја насмевка, прегратка и момент на гордост што ми го даде. Ти посакувам секогаш да бидеш здрава, среќна и сакана, животот да те води на најубавите патишта и никогаш да не заборавиш колку те сака твојата мајка – напишала Борка, а на честитките се придружила и мајката на Филип Живојиновиќ – Зорица Накиќ.

Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ се во среќен брак осум години. Двајцата изградија семејство, а неодамна го прославија првиот роденден на нивната ќерка Арија. Сепак, малкумина знаат како Филип Живојиновиќ ја освоил Александра.

– Не се сеќавам каде се запознавме, но знам дека судбината нè спои. Пред да почнеме да се забавуваме, со години се среќававме на разни места, во минување. Се гледавме и кај Брена и Боба на приватни забави каде што често пеев, иако сè беше во минување, без официјално запознавање – раскажала Александра во една прилика.

 

Слични објави

(Фото) Оваа убавица е новата девојка на Марко Јариќ? Поранешниот кошаркар излезе на вечера со ќерките и партнерката

Еспресо

Тарик Филиповиќ објави ретка фотографија со синот Арман – уживаа на посебно место

Еспресо

(Видео) Ханка Палдум откри што најмногу ја боли: За жал, не сум во добри односи со мојот син

Еспресо

(Фото) Камин во дневната соба, уметнички слики на ѕидовите – ѕирнете во луксузниот дом на Здравко Чолиќ

Еспресо

(Фото) Шлицот на Ана Ивановиќ ги остави сите без зборови! Тенисерката блесна во жолт провокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините за неа се само бројка — Амернис Нокшиќи го прослави роденденот со ќерките и пријателите

К.С.
Се вчитува....