23.8 C
Скопје
13:35 - 30 април, 2024

ФИЛИП ДИМКОСКИ, ГРАДИНАР: Само среќни растенија и среќни животни ќе нè направат среќни и сити

Младиот Филип Димкоски, дипломиран земјоделски инженер, веќе си има своја градина која се наоѓа во прилепска викенд населба, и територијално припаѓа на селото Оревоец. Градината на Филип има околу две илјади квадратни метри, а на таа површина се наоѓа и неговата куќа и живеалиштата на неговите кокошки и пајки. Оваа негова приказна започна лани, па нема ни цели две години откако ја обработува површината. Вели дека е на почеток. Во склопот на градината на Филип има мала зеленчукова градина која се простира на околу двесте квадрати, со дваесетина кокошки, три пајки и петнаесетина овошни дрвца што ги засадил минатата година.

фото -приватна архива

Од кога датира твојата страст за градинарството и кој беше најзаслужен за твоите први чекори во оваа област?

– Сè почесто размислувам дека едно дете кога ќе се роди, не е празна табла, туку токму спротивно, секое дете носи нешто со себе уште од раѓањето. Така, за себе сметам дека исконската љубов кон природата, а со тоа и кон градинарството, ја носам уште од раѓање, а како растев, разни фактори ја поттикнуваа и насочуваа таа љубов. Дедо ми Илија ми ги покажа првите, основни вештини во градинарењето и на седум-осум години ја направив мојата прва градина со негова помош. Сè до крајот на средно образование имав бавча, цветна градина, помагав на семејниот овоштарник и лозјето, чував кокошки и зајаци…Кога дојде време за студии, татко ми Александар, само ме потсети на мојата најрана љубов-градинарството, и тоа беше доволен мотив да одберам да студирам градинарство и цвеќарство на Факултетот за земјоделски науки и храна и да се стекнам со звањето дипломиран земјоделски инженер.

Што сè произведуваш и има ли пласман и интерес за твоите производи?

– Одгледувам пиперки, домати, краставици, спанаќ, тиквички, грашок, шери домати, зачински растенија како нане, босилок и рузмарин, цветни видови како далии, џунџулиња, кани…Моето производство е сè уште мало и немам многу што да понудам, но се надевам дека тоа ќе се промени. Досега, од време на време, нудам свежи јајца од кокошка, сируп од нане, сок од ајдучка трева…Интересот е голем особено за сирупот од нане и за јацата. Луѓето често ме прашуваат и за производи од зеленчуковата градина, но засега имам само за себе и за семејството, а голем дел го преработуваме во зимница за домашни потреби.

Годинава цел ми беше да направам ајвар од сопствени пиперки и успеав во тоа. Вкусот е навистина посебен и радоста кога се јаде е многу голема.

Се живее ли од градинарство?

– Зависи што ни е целта во животот. Ако целта ни се многу пари, во градинарството тоа можете да го остварите евентуално со конвенционално производство, но и тогаш е тешко. Јас се занимаам со традиционално производство, базирано на пермакултурните и органските методи, каде се трудам да ја пресликам природата создавајќи еден самоодржлив мал еко систем. Мојата цел е доволна и квалитетна храна за мене, за најбликсите и евентуално за мал број потрошувачи.  Па, ќе речам, верувам дека се живее од градинарството.

фото -приватна архива
фото -приватна архива
фото -приватна архива
фото -приватна архива
фото -приватна архива

Колку жителите на Македонија се заинтересирани за здрави и домашни производи?

– Луѓето сфатија и сфаќаат дека храната во маркетите е само убаво спакувана пластика, без никакви нутритивни вредности, која наместо здравје ни носи болести. Тоа е причина сè повеќе да се бараат градинарски култури кои се традиционално произведени, домашни зимници, сокови, па дури и препеарати за нега и за лекување. Интересот е голем. Засега побарувачката е поголема од понудата.

Колку државата е заинтересирана да ги поддржи градинарите и воопшто фармерите?

– Гледајќи што се случува сега и што се случувало минативе триесет години, гледам дека ни една власт не пристапила со љубов и разбирање кон земјоделците и со сфаќање на важноста за она што го работат.

Дефинитивно овде стратегија нема. Дали, ќе се изгради или не, и дали некоја идна власт конечно ќе сфати дека ние сме и треба да бидеме земјоделска држава, не знам.

Но,  верувам во силните индивидуи, способните земјоделци кои со знаење и со љубов градат добра иднина за себе и за своите семејства. Само тие можат да поттикнат промени, односно тие ги живеат промените. Верувам дека ќе бидам или можеби сум еден од нив.

Кои ти се следните амбиции?

– Пристапувам со смиреност и со трпение, затоа што земјата не сака силеџии. Уште сега почнувам со обработка на земјата и со проширување на градината бидејќи, како што реков, сега обработувам само околу двесте квадарати од вкупната површина. Планот, е да го зголемам јатото со кокошки, да купам две кози и неколку сандаци пчели. Ќе го зголемам бројот на културите во градината и ќе се потрудам да посеам малку житни култури. Се трудам и во градинарството и во сточарството да имам македонски автохтони сорти и раси. Тие се адаптирани на овие наши услови и се среќни во нив. Само среќни растенија и среќни животни, ќе го направат среќен и сит оној што ги одгледува.

Како изгледа еден твој ден во градината?

– Кога сум таму станувам рано од спиење и пред било што да направам, ги пуштам кокошките и пајките да пасат во просторот предвиден за нив, потоа, зависно од сеозната имам обврски во градината како копање, сеење или рассадување…За време на таа работа имам паузи во кои ги набљудувам растенијата и на некој начин разговарам со нив. Така испрепелетени работата со набљудувањето, знаат да траат со часови. Следи собирање на јајцата, собирање на некој дзрел плод, подготовка на органаски препарати, ручек со продукти набрани од градината, секако по некое кафе, сок или пиво со татко ми, со другарите или со комшиите. Навечер, хранење и затоврање на живината, наводнување на градината, дружба со убава храна и пијалак со пријателите, или самостојно тихување со книга или со музика, пишување некоја нова песна за деца или за возрасни, работа врз списанието „Полжавче“ кое го уредувам или подготовки за емисијата „Градината на Филип“.

Овие написи може да ги следите и во групата … ДВОРЧЕТО …, група во која има едно чудо разноразни убавини, и која ви ја препорачуваме да ја посетите и да си станете нејзин член!

ФОТО – ПРИВАТНА АРХИВА

Слични објави

(Фото) Богатството на Здравко Чолиќ е проценето на 25 милиони евра, а тој носи часовник од 2.000 евра!

Еспресо

(Фото) Никола Роквиќ не ја симнува насмевката од лице, еве со кого се сретна на патувањето

еспресо

Од што заработува Вељко Ражнатовиќ: Боксерот има приватен бизнис, живее во село

еспресо

(Видео) Убиена мисица среде ресторан: Вознемирувачко видео од стравичниот настан, причините се застрашувачки

еспресо

Велики вторник: Што (не)треба да правите на овој ден

еспресо

Имаат ангелска душа: Три хороскопски знаци кои простуваат колку и да се повредени

еспресо
Се вчитува....