2.8 C
Скопје
07:21 - 27 октомври, 2026

(ФОТО) МАКЕДОНСКАТА ЛЕЈДИ ГАГА НЕ СТАРЕЕ: Колку години има Сузана Спасовска?

Македонската Лејди Гага, не старее. Нашата познатата фолк-пејачка Сузана Спасовска или како што публиката милува да ја нарече – „Сузе Национале“ одвреме навреме ги радува своите бројни обожаватели со по некоја фотографија на својот инстаграм – профил.

Спасовска неодамна го прослави 57 – миот роденден, но според изгледот првата бројка од свеќите на роденденската торта слободно можеме да ја замениме со бројот четири. Очигледно музиката ја одржувала нејзината младост низ годините, а сега тоа го прави нејзината внука Клара.


Пејачката минатата година го доби најубавиот подарок од својата ќерка – единица Теона и зетот Виктор Велковски, а малата Клара пред неколку дена, на 30 септември го прослави својот прв роденден.

Скопјанка која со својот моќен глас од 80-тите години на XX век ја негува македонската песна и има снимено над 15 самостојни аудио и двд изданија, бројни видео записи, музички антологии, самостојни концерти и фестивали.


„Сузе Национале“, „златното грло“, „славејот македонски“ се само дел од прекарите кои Спасовска гордо ги носи. Позната е по своите уникатни настапи и кореографии, а Лејди Гага има уште многу да учи од Сузе. Музиката, семејството, а секако и публиката се тајната на Сузана со која „се негува“.

Слични објави

(Фото+видео) Познатата босанска инфлуенсерка го прослави 42. роденден како Марија Антоанета

Еспресо

(Фото) Македонската водителка Елена Стојановска ужива во Калифорнија — со сопругот прошета низ славниот Холивуд

К.С.

По гласините дека се повлекува од естрадата Ана Николиќ најави големо враќање: „Ви благодарам што бевте со мене, се гледаме во Арена“

Еспресо

Нивес Целзиус во правна битка со поранешниот сопруг – не се откажува од својот дел од имотот

Еспресо

(Видео) „Не се жестете, сите знаат колку ја сакам Македонија“: Ѓорѓе Давид им се извини на Македонците зашто „Дали чекаш стара мајчице“ ја нарече бугарска песна

Т.Ц.

Јелена Карлеуша откри дали планира свадба и бебе: Откри што ѝ порачале ќерките и како се согласува со Шево

Еспресо
Се вчитува....