04:29 - 8 ноември, 2026

Фановите се изненадени од вистинското име на Вил Смит: Џејда откри детал што никој не го знае со емотивна порака 

Објавата на Џејда Пинкет Смит со која му го честита роденденот на Вил Смит, привлече големо внимание на социјалните мрежи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Us Weekly (@usweekly)

Имено, Џејда Пинкет Смит во објавата го спомна неговото вистинско име, а судејќи по реакциите, многумина не знаеја дека тоа е неговото име. Актерот се прослави во 1990-тите со The Fresh Prince of Bel-Air и брзо стана познато име во Холивуд. Додека сите го препознаваат како Вил, многумина не знаат дека тоа не е неговото вистинско име и дека не е скратено од името Вилијам.

Во емотивната порака до нејзиниот сопруг, Џејда сподели нивна фотографија со децата на Вил, Џејден и синот на Вил од бракот со Шер Зампино, Треј. Сите носеа бела облека и се смешкаа на семејната фотографија, а Џејда ја започна својата порака со вистинското име на Вил – Вилард, пишува Index.hr.

„Вилард, многу ми е мило што си роден на овој ден. Без тебе немаше да ја доживеам најголемата радост во мојот живот… љубовта на нашето семејство. На оваа божествена задача што ја избравме да чекориме заедно, благодарна сум за изворите на смеа по патеките на солзите што ги споделивме“, напиша таа. Многумина тогаш на социјалните мрежи го изразија своето изненадување што актерот не се вика Вилијам.

„Денес штотуку дознав дека целото име на Вил Смит е Вилард, а не Вилијам“, „Смит се вика Вилард?!“, „Нема шанси Вил Смит да се вика Вилард“, беа само дел од коментарите на објавата.

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....