5.8 C
Скопје
06:55 - 1 април, 2026

Фановите ја прозваа ќерката на Џони Деп: „Повеќе ги објавуваш градите, отколку што објавуваш за татко ти“

Обожавателите на Џони Деп ја нападнаа ќерката на Џони Деп, 22-годишната актерка Лили-Роуз Деп, бидејќи не му давала поддршка за време на судскиот спор со Амбер Херд, пишува порталот Unilad.

– Те молам поддржи го татко ти. Без оглед на односот со него, знаеш дека Амбер не е жртва – е еден од коментарите.

Корисникот на Твитер @thisisnotahmad ги собрал сите коментари на едно место.

„Ова е едноставно лудило“, напишал тој покрај фотографијата.

„Не сум видел ниту една фотографија од тебе со татко ти. Зошто?“, „Повеќе ги објавуваш цицките отколку што објавуваш за татко ти, колку е патетично“, „Како не кажа ништо за случајот на татко ти?“, „Зошто никогаш не објавуваш ништо за татко ти?“, се некои од коментарите.

Наскоро се појавија теории на заговор, кои тврдат дека зад овие напади стојат обожавателите на Амбер кои глумат обожаватели на Џони Деп.

-Во мојата глава нема сомнеж дека сето ова е обид на психотичните фанови на Амбер Херд, кои се преправаат дека се обожаватели на Џони Деп, да ги оцрнат обожавателите на Деп со малтретирање на неговата ќерка Лили Роуз. Ова е невозможно да се измисли – коментирал твитерџијата кој ги собрал сите „скриншотови“.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....