8.8 C
Скопје
14:48 - 28 март, 2026

Европрајд, апсења, инциденти, српската премиерка потврди – десетина полицајци се повредени

Судири и инциденти помеѓу противниците и полицијата ја одбележаа Парадата на гордоста која сепак се одржа вечерва во Белград. Има десетина повредени полицајци, но српската премиерка Ана Брнабиќ на вонредна прес-конференција изјави дека целиот ден поминал во мир, и дека е особено горда на тоа.

На белградските улици биле ангажирани околу 5.200 припадници на Министерството за внатрешни работи.

„Имавме само два инцидента. Тоа беше конфликт со одредени групи во Славија, и конфликт со одредени групи во паркот Караѓорѓе. Припадниците на Министерството за внатрешни работи реагираа и го решија проблемот, обезбедувајќи инцидентите да не се шират понатаму.Сакам да ја изразам мојата лична благодарност, благодарноста на Владата на Република Србија до сите граѓани на Србија или големото мнозинство затоа што покажаа толеранција, разбирање и грижа кон Србија“, рече Брнабиќ.

Премиерката смета дека она што го разубавува имиџот на Белград и Србија е тоа што досега се случија многу настани во рамките на Европрајд, а не се случи ниту еден поголем инцидент.

– Тоа доволно зборува за нашите граѓани. За мене тоа е вистинската слика за Белград и Србија. Покажавме дека сме сериозна земја која ги почитува своите институции, но и правата на сите граѓани. За жал, имаме 10 полицајци кои се полесно повредени“, рече Брнабиќ и додаде дека се оштетени пет интервентни полициски возила и дека се приведени вкупно 64 лица.

 

Слични објави

(Фото) Деколтето во прв план: Сека Алексиќ ги привлече сите погледи, па проговори за естетските зафати

Еспресо

Време е за освежување на домот – пролетно чистење според правилата на фенг шуи за нова енергија

Еспресо

Астро викенд: Мини совети за секој хороскопски знак

Еспресо

Вака подготвениот појадок го држи шеќерот под контрола и го намалува ризикот од дијабетес

Еспресо

Дарко Лазиќ за смртта на братот: „Да можев да го вратам, никогаш повеќе не би запеал“

Еспресо

Хороскоп за 28 март: Овни, сочувајте го достоинството пред партнерот, Раковите се сосема занесени со саканата личност

Еспресо
Се вчитува....