33.6 C
Скопје
17:09 - 7 август, 2026

Ен Хеч се бори за живот по сообраќајка, удрила во куќа, автомобилот ѝ се запалил; „59 пожарникари на терен, глумицата во критична состојба“

Таа со својот автомобил удрила во куќа во Лос Анџелес.

Американската актерка Ен Хеч (53) е хоспитализирана во критична состојба откако со својот син автомобил „Мини Купер“ удрила во куќа во Лос Анџелес. Веста ја пренесуваат американските медиуми Снн и  веб-страницата ТМЗ.

Пожарникарите од Лос Анџелес известија дека нејзиниот автомобил излетал од патот и удрил во двокатна куќа во населбата Мар Виста во Лос Анџелес, „предизвикувајќи структурна штета и експлодирајќи во голем пожар“.

Хеч е „однесена во болница во областа во критична состојба“.

На терен се 59 пожарникари, а за локализирање и целосно гаснење на пожарот биле потребни 65 минути, информираат американските медиуми.

Ен Хеч , поранешна партнерка на актерката Елен Деџенерис, е позната по нејзината улога во сапуницата „Another World“,а добитничка е на престижната Еми награда во 1991 година.

Глумеше во бројни филмови од 90-тите, вклучително и „Шест дена, седум ноќи“, „Дони Браско“ и „Знам што направи минатото лето“.

Слични објави

(Фото) Сека Алексиќ ослабе 14 килограми и ја покажа новата фигура од езерото Комо во Италија

Еспресо

(Фото) Стефанија Гаштарска и Амар Мециновиќ заедно го освоија Титов Врв: „Уживам во ова толку многу“

Еспресо

Ќе се воодушевите од новите модели на клуб маси со епоксидна смола на Wood room – посетете го салонот во ГТЦ

Еспресо

(Фото) Елена Петреска од Белгија се огласи по повод 46. роденден: „Благодарна сум за сè што Бог ми испрати на патот“

Еспресо

(Фото) Никој не ја препозна Цеца на аеродромот – пејачката со капа и очила остана целосно незабележана

Еспресо

(Фото) Луна Стефаноска уживаше во Сен Тропе – сподели моменти од летувањето на Азурниот брег

Еспресо
Се вчитува....