06:43 - 10 ноември, 2026

Емотивно видео: Ова го стори внуката на Зафир Хаџиманов во чест на својот дедо

Емотивно видео објави Васил Хаџиманов, синот на легендарниот Зафир Хаџиманов, заедно со неговата ќерка Марта, а во чест на неговиот покоен татко.

-Верувале или не, се осмелив да го пеам вториот глас на Марта на еден од најголемите хитови на Сенка и Зафир – „Љуби ме и главата горе“.

Благодарност до публиката во Сомбор што нè пречека толку добро и што беше толку љубезна да ги поздрави и моите скромни вокални способности. П.С. ова се случи само затоа што Виктор Тумбас се разболе, па морав да интервенирам“, напиша Васил Хаџиманов.

Марта и Васил Хаџиманови Фото / Фејсбук

Инаку, Васил Хаџиманов и неговата ќерка Марта Хаџиманов, која е џез и оперска пејачка учествуваа на концертот во негова чест, што се одржа на 17 декември во 2023 година во Скопје.

Марта Хаџиманов, која студира на Универзитетот за музика и изведувачки уметности во Манхајм (Германија) на два отсека, соло пеење и музичка педагогија, вели дека многу научила од својот дедо и од баба ѝ Сенка Велетанлиќ.

Зафир Хаџиманов почина на 27 март 2021 во Белград, како последица на инфекцијата со вирусот КОВИД-19. Хаџиманов беше пејач, композитор, глумец и поет.

Тој се запишал на фармацевтски факултет во Белград, но го напуштил и се запишал на Вишата педагошка школа во Скопје, отсек музика, по што својот животен век го посветил на фолклористиката. Зад себе, Васил Хаџиманов оставил над 5.000 записи од македонски изворни песни.

 

 

Слични објави

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо
Се вчитува....