14:12 - 7 ноември, 2026

Емотивна средба со минатото за Игор Џамбазов, слика што многумина изненади

Слика што многумиина изненади како емотивна средба со минатото е објавена од актерот Игор Џамабазов, со посебен повод.

По повод 80-годишниот јубилеј на Македонскиот народен театар се одржа сценскиот спектакл „Сонцето, колку е блиску сонцето – Made in МNT“, од режисерот Дејан Пројковски.

Во претставата учествува огромна актерска екипа од ансамблот на Македонскиот народен театар, оперски пејачи и актери и студенти по актерска игра од Факултетот за драмски уметности и Еуропа Прима во кореографија на Олга Панго и асистент на кореографот Ирена Лозинска. Асистент на режија е Андреј Цветановски. Сценографијата е на Валентин Светозарев, за костимите е задолжена Марија Пупучевска, музиката е на композитор: Горан Трајкоски и дизајнер на 3Д-видеомапинг е Сергеј Светозарев.

„Перформансот е големо патување низ националната драма и сите основоположници на македонската драма и литература. Во претставата ќе бидат претставени сценски слики од највпечатливите моменти на сите големи автори на големата драматика“, рече режисерот Пројковски.

Па така, во една сцена, Џамбазов има „средба со својот дедо“, легендарниот Петре Прличко. Слика од Игор Џамабзов и актерот кој го глуми Прличко на својот инстаграм профил-објавила Весна Петрушевска.

Фото / Инстаграм

 

Слични објави

(Видео) Сопругот на концертот на Гоца Тржан се соблече во Сава Центар: Го покажа своето мускулесто тело, публиката го награди со аплауз! 

Еспресо

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.
Се вчитува....