11:24 - 12 ноември, 2026

Емина Јаховиќ за денешното време и променетите вредности: „Некогаш браковите беа свети, денес не се знае кој пие, а кој плаќа“

Пејачката Емина Јаховиќ отворено зборуваше за времето во кое растела, разликите меѓу нејзиното детство и денешното време, како и за промените во меѓучовечките односи.

Јаховиќ се присети на детството во период исполнет со војни и тешки општествени околности, но вели дека и покрај тоа, луѓето имале поинакви вредности и чувство за заедништво.

„Сметам дека тоа време имаше и своја тежина и своја убавина. Денес мислам дека сите полудеа, нешто чудно се случува“, рекла таа.

Посебно се осврнала на влијанието на социјалните мрежи, кои, според неа, покрај позитивните страни, донеле и содржини од кои луѓето порано биле заштитени.

„Многу посреќно живеевме порано, без оглед на сите проблеми. Имавме авторитети, вистински мерила на вредностите, сè имаше поголема цена. Денес не се знае ни кој пие, ни кој плаќа“, изјавила Јаховиќ за „Хајп ТВ“.

Пејачката направила и споредба меѓу некогашните и денешните бракови.

„Порано браковите беа свети, беа сериозна институција. Се знаеше кој што прави во бракот, што чија обврска е. Денес ништо не се знае и нема никакво правило“, рекла таа.

Зборувајќи за своето растење во Нови Пазар, Јаховиќ открила дека отсекогаш била индивидуалец и дека не ѝ одговарала малата средина, иако и денес со љубов зборува за родниот град и семејството.

„Многу го сакам Нови Пазар и моето семејство, но отсекогаш бев индивидуалец и не бев за мала средина“, рекла пејачката.

Слични објави

Не сме задоволни од тебе, нема да добиеш хонорар: Александар Михајловски раскажа непријатна случка

Еспресо

Ѓорѓе Давид се пошегува со свршеникот на Мина Костиќ: „Премина на духови, тоа е сосема во ред“

Е.А.

Пет состојки за брз појадок — рецепт за златни погачици од тава

К.С.

Дневен хороскоп за 12 ноември: Пред да прифатите нов договор, проверете дали условите се навистина онакви какви што очекувате

apostolova

Се разбудивте со главоболка? Еве што открива науката за причините и кога треба да побарате помош

К.С.

Ѓоле Ѓогани за почетоците со Слаѓа Делибашиќ: „Не ни помислив дека ќе ми биде сопруга, а од татко ѝ се препортував“

Е.А.
Се вчитува....