15:57 - 10 јануари, 2026

Единствена изјава на Цеца Ражнатовиќ за Драгана Мирковиќ: „На дотичната колешка ѝ посакувам…“

Драгана Мирковиќ и Светлана Цеца Ражнатовиќ со години не зборуваа, па затоа многумина беа изненадени од потегот на Драгана кога со лајк и срциња ја коментираше сликата од свадбата на ќерката на Цеца, Анастасија.

Драгана остави коментар под фотографијата од свадбата на Анастасија која се одржа во вилата на Дедиње.

– Се најдобро од се срце – напиша Драгана и стави емотикон со срце.

Низ годините имаше малку можности Драгана и Цеца да се сретнат, но сите се сеќаваат на нивната средба лице в лице во 2018 година на снимањето на новогодишната програма на Радио телевизија Србија.
По непријатниот разговор Цеца за српските медиуми проговори за односот со колешката.

– На таа снимка послабо се слушам, без на минување. Се враќав од снимање, а Драгана седеше до мојата соблекувална. Морав да поминам оттаму. Да ви кажам искрено, кога некој со години дава индиректни негативни коментари и прозива на многу грд, перфиден начин, попатно прозивајќи го и моето семејство, мене и мојата кариера, не ни очекувате ни да ве поздрави. Таа го направи тоа, видовте со каков тон, со таков ѝ беше и возвратено – рече Цеца и додаде:

-Од друга страна, видов некои насловни страници…Никој никому не може да подари кариера, ниту некој да биде виновен за пропаст на истата. На дотичната колешка ѝ посакувам се најдобро, да сними хит и да најде мир во 2019 година – рече Ражнатовиќ тогаш.

Слични објави

„Сакаше да се омажи за мене ако ѝ купам стан и автомобил“: Познат пејач добил директна понуда од Мина Костиќ

Еспресо

Почина мајката на Перо Камиказа: Музичарот објави трогателна фотографија и објава

Еспресо

ВИДЕО | Ела Дворник откри долго чувана семејна тајна: „Мојот татко имаше сериозна болест“

Е.А.

Дневен хороскоп за 10 јануари: Бидете внимателни во донесувањето на одлуките

apostolova

Песната на Лепа Брена не познава граници: Девојка од Германија ги воодушеви сите со изведба на нејзиниот познат хит

Е.А.

(Фото) Азис ја започна 2026 година со одмор на Хаваи

Е.А.
Се вчитува....