6.8 C
Скопје
23:40 - 16 март, 2026

Дружбата на Андрија со татко му е во последниве 4-5 години: Миа Костова си ја отвори душата за поранешниот партнер

Миа Костова искрено раскажа за односот на нејзиниот син Андрија со неговиот татко за кој во јавноста ретко зборува, но и за другите деца на нејзиниот поранешен партнер.

Инфлуенсерката неодамна гостуваше во подкастот на Кристијан Ландов и тој ѝ постави прашање: „Дали на Андрија му дозволуваш да се гледа со својот татко“, а таа одговори:

„Не само што му дозволувам, туку уживам кога е со него. Андрија е цело време со мајка му, татко му многу често не е тука, меѓутоа можам да кажам дека во првите неколку години, едноставно како и секој маж, немаше некоја поврзаност со бебе, со мало дете.

Многу е потешко да се поврзеш, особено ако не живееш, ако не растеш со тоа дете, така што нивната интензивна дружба е во последниве 4-5 години. А инаку да, апсолутно поминува доста време со татко му. Оди и по одмори и на скијање“, рече Миа.

Миа Костова во подкастот „Претрес“ Фото/ Јутјуб принтскрин

Потоа новинарот ја праша: „Бидејќи таткото на Андрија има уште две деца, претпоставувам дека има најнормален контакт..“

„Најнормален однос има, да. Возрасни се многу, брат му и сестра му на Андрија се околу 23-24-5 години. Имаат супер однос, иако и двете деца не живеат во Македонија“, рече Миа а потоа новинарот прочита еден коментар од гледач кој што вели: „Татко му на Андрија е злато човек“.

На ова, Миа му одговори: „Немој да си прочитал име, ќе те скршам“ и се насмеа. Подткастот е снимен во јули но делови од него се сега дооста актуелни на социјалните мрежи.

Слични објави

Ѕвездите ве советуваат како да го изберете идеалниот партнер за вашиот хороскопски знак

Еспресо

„Добила до 1.000 евра за услуга“: Аца Лукас ги разобличи старлетите кои тврдат дека биле со него

E.A.

Јелена Томашевиќ првпат раскажа за моментот кога се сруши на концертот во Црна Гора: „Докторки од публиката ми помогнаа на сцената“

К. А.

„Ведра, весела и преталентирана“: Цеца со емоции се присети на Ксенија Пајчин

Еспресо

Работи зад кулисите и има моќни сојузници: Која е „ледената дама“ Сузи Вајлс, за која Трамп денеска објави дека има рак?

Еспресо

„Кожата ми се менува секој ден“: Едита Арадиновиќ искрено за бременоста

E.A.
Се вчитува....