18.8 C
Скопје
02:22 - 27 јули, 2024

Драмата продолжува за Харис Џиновиќ и Мелина: Масло врз огнот додала ќерка им

Мелина и Харис Џиновиќ имаа турбулентен период поради разводот по 22 години заеднички живот, а нивната ќерка Џина Џиновиќ им создаде дополнителни болки поради операцијата за зголемување на задникот. Таа неодамна се изложи на средување на задникот во приватна клиника, што резултираше со жестока кавга меѓу пејачот и креаторката, особено поради тоа што по зафатот дошло до компликација, пренесува српски „Курир“.

Џина Џиновиќ

– Харис не сака да прифати тоа што ќерка му стави силикони во градите, а сега и во задникот. Тоа му беше тешко. За тоа ја обвинува Мелина. Смета дека таа е одговорна за одењето на операција, а има само 20 години. Баш се скараа. Мајка како мајка, ја поддржува својата ќерка за да го поправи она од што е незадоволна во својот изглед, па ја одобрила оваа операција, но Џиновиќ одбил да ја финансира оваа интервенција. Проблемот настанал дури по операцијата. Фала богу, сега е добро, но беше комплицирано. Се искомплицира. Ова уште повеќе го налути Харис. Беше исплашен. Кога Џина закрепна, ја советуваше да престане кога се во прашање хируршките интервенции – вели семеен пријател, пренесува српски „Курир“.

Џина до сега има направено и операции односно зголемување на усните, но и на градите. Сепак, се зборува дека наследничката на пејачот и модната дизајнерка го корегирала и носот, вбризгала хиалурон во колковите, и конечно дојде на ред средувањето на задникот. Во февруари минатата година имала проблем откако ги зголемила усните, со желба да ѝ изгледаат пополни, ставила филери, но по интервенцијата имала мали компликации. Имено, филерот мигрирал, па се создала мала грутка која морала да ја „стопи“. За овој проблем и самата напиша на Инстаграм.

Џиновиќ изјави дека не сака да ја гледа ќерката како се разголува или пак го покажува задникот во преден план. – На дете, како јас на Џина, можа до задутре да му кажувам што е паметно, но штом се заврти, се пресоблекува во лифт и не ме слуша. Претпоставувам дека така е кога твоите родители ти се под глава, можеш да правиш што сакаш бидејќи се друго е егзистенцијално осигурано. Немаше да помислат на Тикток ако ги немаа основните работи што се неопходни за живот. Да треба да станат наутро во пет часот и да си ја одработат смената. Сега земаат мобилен телефон и тој ги едуцира. Еве, кај мене седи во соба и не излегува цел ден да види што правиме. Не можеш 24 часа да бидеш на телефон, ќе ти испаднат очите, а потоа тие фотографирања и објавување на Инстаграм и слично… Ако тоа е главната преокупација, тогаш јас не сум паметен – изјави Џиновиќ за босанските медиуми.

Харис Џиновиќ откри нови детали за разводот: Госпоѓата сама се исели пред една година

Слични објави

(Фото) Се појавија експлицитни фотографии од Меланија Трамп: „Сакате да удирате ниско?“

еспресо

(Фото) Романтичен ручек на луксузна јахта: Братот на Новак Ѓоковиќ и сопругата уживаат на море

jasmina.kantardzieva

Цеца Ражнатовиќ жртва на измама: Моето име е злоупотребено, ќе биде добро ако не поднесам кривична пријава

Еспресо

„Веста нè шокираше!“ Соседите на Драгана Мирковиќ од родниот крај го разврзаа јазикот за разводот со Тони Бијелиќ

Еспресо

„Прво ќе те претепа, па ќе ти донесе букет“: Ведрана Рудан ги откри деталите за бруталното насилство во бракот

Еспресо

(Фото) Ѕирнете во домот на Јелена Томашевиќ и Иван Босиљчиќ: Украсен со многу љубов и светлина

Еспресо
Се вчитува....