12:36 - 27 ноември, 2026

Драмата во семејството Карлеуша–Тошиќ продолжува: Се огласи адвокатот на Душко, парите од алиментациите се исплатени 

Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ

Откако Јелена Карлеуша јавно рече дека Душко не ѝ ги исплаќа алиментациите, Тошиќ ист ден влегол во станот каде таа живее со ќерките и ги сменил бравите, додека тие три биле на одмор во Дубаи. и покрај тоа, денес се огласи адвокатот на Душко, Никола Премовиќ, кој тврди дека сите алиментации се исплатени.

Како што дознава „Информер“, поранешниот фудбалер вчера го измилил долгот кон Јелена, токму кога медиумите известија дека парите за децата не се давале подолго време.

На сметката на Јенела вчера биле префрлени 1.700.000 динари, а Душко веднаш ги ангажирал своите застапници да соопштат дека е сè решено, бидејќи Јелена се жалела дека подолго време човечки се обидува да го реши проблемот, но ѝ не успева.

„Не плаќа алиментација, еве апел сега! Премногу се обидувам да го решам овој проблем надвор од медиумите, преку човечки однос и адвокат, но не успевам. Во име на сите жени кои се борат за право да добиваат помош од партнерот и таткото на нивните деца, должна сум да зборувам за тоа. Србија воведе нов закон по кој ова се регулира. Ако еден родител не плати две алиментации, другиот ќе ги наплати од државата, а државата ќе го гони оној кој не ги исполнува своите обврски. Значи, и Душко ќе биде решен“, рече Јелена претходно за „Информер“.

Слични објави

Николина Ковач и Саша Капор за брачните предизвици и семејната хармонија: „Никаде не е идеално…“

Е.А.

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо

Меки како облак, а не се пржат во масло — рецепт за домашни крофни од рерна

К.С.

(Видео) Владо Јаневски во „Евергрин“ ја запиша својата тајна географија на Скопје

Т.Ц.

Марија Шерифовиќ нема да ја претставува Србија на Евровизија 2027: „Поради бројните професионални обврски не ја прифати поканата“

Е.А.

Дневен хороскоп за 27 ноември: Не дозволувајте промените во расположението на другите луѓе да ви пречи

apostolova
Се вчитува....