11.8 C
Скопје
22:37 - 28 септември, 2026

Драгана Мирковиќ проговори за 8-месечната внука: Првиот збор ѝ е „бабо“, тоа ми е најдрагата титула

Фолк-ѕвездата Драгана Мирковиќ за првпат отворено проговори за својата внука Ксенија, која нејзиниот син Марко ја доби пред речиси осум месеци. Пејачката не ја криеше среќата и откри дека ужива во улогата на баба, а со јавноста сподели и еден пресладок детал.

„Добив внука и тоа е најголемиот подарок за мене откако ги добив моите деца. Со задоволство сакам да ме вика баба, гордо ја носам таа титула. И морам да ви признаам, веќе проговори. Првиот збор ѝ е ‘бабо’. Постојано ѝ повторував дека баба ја сака најмногу на свет и одеднаш го кажа тоа. Им реков на децата дека најважниот збор е кажан, па сега не е ни важно што следно ќе проговори“, се пошегува Драгана.

„Посреќна сум сама со децата“

Во истото интервју, музичката ѕвезда се осврна и на болниот развод со сопругот Тони Бијелиќ, признавајќи дека подолг период трпела работи за кои медиумите воопшто и не претпоставуваат.

„Мислев дека сум нежна, но сфатив дека сум многу посилна отколку што мислев. Пред пет години сфатив дека сум посреќна сама со моите деца и така одлучив. Кога личност како мене ќе реши да прекине однос, луѓето треба да знаат дека причината е огромна, бидејќи јас премногу простувам. Причините беа многу болни. Тони е татко на моите деца и поради нив никогаш нема да кажам ниту еден лош збор за него, но децата беа тие што ми помогнаа и ми рекоа: ‘Мамо, ајде да си одиме’. Тогаш поднесов барање за развод“, искрена е пејачката.

Слични објави

(Видео) Теа Таировиќ го освојува светот: Хитот „Балканија“ одекна во познатата италијанска кошаркарска арена

Еспресо

(Фото) Ана Ивановиќ во фустан од 500 евра ги остави сите без здив!

Еспресо

По раскинувањето, Ана Николиќ и Рале се смирија, а се појавија и детали за нивниот договор

Еспресо

„Селски приказни, јас сум машинерија“: Дара Бубамара откри што мислат за неа родителите на нејзиното помладо момче 

Еспресо

(Фото) Кој е новиот дечко на Ела Дворник? Покажа дел од него по долго време

Еспресо

„Сите ме прашуваат дали бил заљубен во Силвана“ – Вдовицата на Тома Здравковиќ разби еден од најголемите митови за неговиот живот

Т.Ц.
Се вчитува....