8.8 C
Скопје
12:19 - 1 април, 2026

Драган Теодосиев – НАЈДОБАР МЛАД МАКЕДОНСКИ ЏЕЗ МУЗИЧАР ВО 2023 ГОДИНА

Традиционалната награда што Скопскиот џез фестивал ја доделува за најдобар млад македонски џез музичар, годинава ја освои нашиот хиперактивен џез тапанар, импровизатор и композитор Драган Теодосиев.

Тој е присутен на македонската музичка сцена речиси две децении, а своето музичко образование го стекнал во средно музичко училиште и на одделот за џез музика на Факултетот за музичка уметност во Штип.

Активно работи со голем број артисти и бендови како: Taxi Consilium, Svetlost + Odron Ritual Orchestra, Зарина Првасевда, Cobalt Code Unit, Shock Troopers и Дина Јашари, а соработувал и со Тони Китановски, Сашо Поповски, Јордан Костов и многу други. Бил дел и од театарската група „Мадам Фортуна“ од Антверпен, Белгија. Редовно настапува кај нас, но и низ цела Европа. Го нарекуваат „најзафатениот (џез) музичар во Македонија“.

Наградата на Теодосиев му беше врачена минатиот петок (20 октомври) пред самиот настап на неговиот состав Cobalt Code Unit на 42. Скопски џез фестивал.

 

Слични објави

(Фото) Ирена Спировска во елегантен и гламурозен фустан, привлече внимание на посебен настан

Еспресо

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо
Се вчитува....