7.8 C
Скопје
20:33 - 30 март, 2026

Дотерани и вљубени, Билјана Дебарлива објави посебна слика со сопругот

Една посебна слика објави ТВ презентерката Билјана Дебарлиева, со својот сопруг Јован со кого во октомври ќе прослави 31 година брак.

Билјана и Јован се сликани на прослава, двајцата дотерани и насмеани, а сликата, иако нема опис покажува колку уживаат во секој момент поминат заедно.

Фото / Фејсбук

Животот со сопругот со кој има две деца, Ана и Мики кои се веќе возрасни, таа го опиша во неколку реченици во едно интервју за „Слободен печат“.

„Тој е духовит, дружељубив, креативен, полн со идеи, авантурист. Знае да ме насмее и да ме расположи и во ситуации кога не ми е до смеење, поддршка ми е во секој момент, во секоја ситуација и во секоја моја одлука.

Заедно уживаме во животот, во убавата музика, во убавото црвено вино и двајцата имаме искрена, чиста и безрезервна љубов кон животните“; рече Билјана.

Таа е водителка на емисијата „Фактор здравје“ на ТВ 24, откако во 2022 година, по 11 години си замина од телевизијата Канал 5.

Слични објави

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо

Мина откри како го запознала Огњен Амиџиќ: „Дојдов за работа и се зезнав“

Еспресо

Месечен хороскоп за април и среќни датуми за секој хороскопски знак

Еспресо

Ралe ја одложи операцијата на срцето поради нов здравствен проблем: „Не сум добро“

Еспресо
Се вчитува....